Промовирани огласи »

Минхен е најскапиот град за живеење во Германија, односно 25 отсто поскап од националниот просек. 

Студијата која ја објави Германскиот економски институт (IW) и Федералниот институт за градежништво, урбани и просторни истражувања открива дека Минхен е најскапиот град за живеење во државата.

Поради трошоците за домување, Минхен е за 38 отсто поскап од најевтиниот кварт во Германија, покажува една студија. Потоа следат Франкфурт на Мајна (15,9 отсто) и Штутгарт (14,8 отсто).

Најевтини места за живеење се Фогтландкрајс и Грајц, кои се 9,5 отсто под националниот просек. Понатаму следат Горлиц (9,4 отсто), како и Пирмазенс и Залцландкрајс со 9,3 отсто 

Меѓутоа, ако се исклучат трошоците за домување, Штутгарт излегува на врвот - со 4,2 отсто над националниот просек. Истражувањето открилва најниски трошоци во округот Леер.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 24.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,508%, кај дизелот за 2,946%, кај екстра лесното масло за 2,379% и кај мазутот намалувањето е за 1,858%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,367%

Од 28.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 47,174 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

Агенцијата Pixel објави мапа на која е прикажан бројот на милијардери во европските земји.

Од она што е посочено на мапата, може да се види дека водечкото место меѓу европските земји го има водечката економска сила на Европа.

Германија има најмногу милијардери во 2023 година – дури 126. Зад Германија е Русија со 104 милијардери.

Италија е на трето место со 64 милијардери, Велика Британија е четврта со 52, а зад неа Франција е на петтото место со 43 милијардери. По Франција, следува Швајцарија со 41 милијардер.

Во Македонија и соседните земји кои не се членки на унијата нема милијардери. 

Сепак кај нашиот јужен сосед, се избројани шест милјардери, а покрај Грција, милјардери има и во Бугарија, каде има двајца милјардери. 

Унгарија има три од нив, а Австрија и Чешка имаат по 11.

Рафаел Баџиаг помина пет години разговарајќи со милијардери за да открие што ги прави толку успешни. Своите набљудувања ги запишал во книгата „Тајната од милијарда долари“.

„Разликата меѓу финансиски успешни луѓе (милионери) и финансиски супер успешни луѓе (милијардери) се сведува на тоа дека вторите уживаат во правењето пари, но не уживаат да ги трошат“, напиша меѓу другото.

Mapa sa evropskim milijarderima pic.twitter.com/bKzo7e3WuY

— Arsil (@arsagarson) October 27, 2023

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија.

Моментално вработува:

АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Грант Торнтон е мрежа од независни фирми кои обезбедуваат услуги на уверување, даночни и советодавни услуги.

Моментално вработува:

ЕКОНОМИСТ - КОНСУЛТАНТ
ДАНОЧЕН СОВЕТНИК
СМЕТКОВОДИТЕЛ

Casumo е основана во 2012 година и оттогаш ги предводи иновациите во iGaming индустријата.

Моментално вработува:

CUSTOMER SERVICE TEAM LEAD
CUSTOMER SERVICE AMBASSADOR -ENGLISH LANGUAGE

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Со својот креативен персонал, КОТОН управува со модата и собира 250 милиони посетители годишно со над 60.000 производи.

Моментално вработува:

АРАНЖЕР (VISUAL MERCHANDISER) - ТЕТОВО RE MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - RAMSTORE MALL

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија.

Моментално вработува:

Сите огласи од А1 Македонија ќе ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ

ПЗУ ГАЛЕНИУМ ФАРМ АПТЕКА како општествено одговорна, модерна и растечка компанија повеќе од 14 години обезбедува високо квалитетна и професионална здравствена услуга за сите граѓани.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТ - ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР

ФИБЕРНЕТ М-К е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори.

Моментално вработува:

МОНТАЖЕР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »