Промовирани огласи »

Во првите девет месеци на оваа година, Северна Македонија, со над 13 илјади вести, се соочи со загрижувачки пораст на медиумските вести кои се однесуваат на актуелното прашање со сообраќајните несреќи.

Овие несреќи, често со катастрофални последици, предизвикаа значителна загриженост за безбедноста на сообраќајот и човечките жртви како последица од истите. Нашата анализа навлегува подлабоко во овие медиумски вести со цел да ги открие автомобилските брендови што често биле споменувани во врска со овие несреќи и темните исходи што вклучуваат повредени или починати лица.

Анализата е спроведена за сите брендови на автомобили кои се присутни на нашиот пазар и кои биле вклучени во сообраќајни несреќи.

Податоците покажуваат дека возилата на Фолксваген се споменуваат во значителни 21,4% од вкупните медиумски вести за сообраќајни несреќи, по нив следуваат Мерцедес-Бенц во 12,6% од вестите, Опел во 10,5, БМВ во 9,8%, возилата на Ауди во 7,6% од медиумските вести, што се надоврзуваат на листата на познати брендови поврзани со сообраќајни несреќи. Во првите десет, најмалку споменувани се автомобилските брендови како Фиат, Рено, Пежо, Форд, Сеат итн. Преостанатиот процент опфаќа и други брендови на автомобили кои не се наведени во анализата, нагласувајќи дека истите имаат помало, но сепак значително присуство во медиумските вести за сообраќајни несреќи.

Другиот критичен аспект на нашата анализа се фокусира на проценка на сериозноста на сообраќајните несреќи во Северна Македонија, особено оние што резултираат со повредени или починати лица. Анализата на вестите каде што има човечки жртви од овие несреќи е од суштинско значење за разбирање на целосниот опсег на прашањето и насочување на напорите за подобрување на безбедноста на патиштата.

Нашата анализа ги открива следните вознемирувачки наоди:

Повредени лица: Во рамките на 13.108 вести за сообраќајни несреќи, значителен број известуваат за несреќи кои резултирале со повреди. Податоците покажуваат дека значителен дел од овие несреќи довеле до повреди на поединци, од кои некои може да имаат долгорочни последици. Медиумските вести за несреќи каде што е споменато дека има само повреди сочинуваат 66,4% од вкупниот број вести за сообраќајни несреќи.

Жртви: Подеднакво загрижувачко е присуството на медиумски вести за несреќи кои трагично резултираат со загуба на животи. Нашата анализа покажува дека дел од овие несреќи имале фатални исходи, оставајќи ги семејствата и општеството да се соочуваат со длабоките и неповратни штети од овие трагедии. Вестите за несреќи каде што се споменуваат смртни случаи, каде освен повреди има и жртви, учествуваат со 33,6%. Месец јуни, со 57,5% од вкупните медиумски вести за сообраќајни незгоди, преставува месец со најголема стапка на медиумски вести каде е спомената смртност во сообраќајни несреќи

Методологија

„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 3.000 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан, Бугарија, Молдавија, Украина, Казакстан, Белорусија и Балтичките држави. Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, YouTube, TikTok, Telegram, LinkedIn, Odnoklassniki i VKontakt) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари).  

„Пикаса“ има над 10 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 3.000 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, развивме неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Успеавме да одговориме на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи.  

Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помогнавме на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.  

Промовирани огласи »

Цената на парното ќе биде позната во вторник. Ќе нема ценовни шокови. Знаете дека имаме инфлација, сите давачки на компаниите се зголемени. Не верувам дека ќе има поголемо зголемување од 5%“. Тоа би значело плус некои 50-60 денари за просечен стан, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во ТВ гостување.

Тој потенцира дека оваа цена ќе важи до крајот на грејната сезона, доколку нема драматично зголемување или намалување на цената на природниот гас. 

Промовирани огласи »

Австрискиот автомото клуб ÖAMTC и австриската служба за патна помош ARBÖ ги предупредуваат возачите на моторни возила дека од среда, 1 ноември во Австрија, според законските прописи, патничките автомобили во сообраќајот мора да имаат зимски гуми на тркалата. Наведената обврска важи и за патничките автомобили со „лесна“ или „тешка“ приколка, како и за помалите камиони, посочуваат од ÖAMTC. Истиот извор предупредува дека законодавецот пропишува задолжителна зимска опрема од 1 ноември годинава до 1 април следната година.

Во исто време, треба да се земе предвид дека правилните зимски гуми мора да носат една од овие ознаки: M&S (кал-снег) или M/S; М+С или М.С. Истите ознаки важат за автомобилски гуми кои важат за сите сезони, односно и зима и лето. А тие гуми се сметаат за зимски гуми. За нив важи одредбата дека длабочината на профилот не смее да биде помала од 4 милиметри. Ако се монтираат зимски гуми, тогаш сите четири мора да бидат гуми за зимската сезона, велат од ÖAMTC, пишува Вечерњи лист.

„Често печатената ознака - снегулки - исто така гарантира дека оваа гума е произведена и тестирана за посебна употреба во зимски услови“, се посочува во одредбата. ARBÖ укажува на важноста на „правилото 4“: „Исто така, важно е да се осигура дека добро познатото правило 4 (об. а. четири идентични зимски гуми, како и минимален профил од 4 mm) навистина се применува во пракса така што возилото правилно и безбедно на патот“.

Како алтернатива на зимските гуми, законодавецот предвидел и комбинација на летни гуми со синџири на најмалку две погонски тркала. Ова е дозволено само во случај, како што е соопштено од ÖAMTC, ако патот покриен со снег или мраз е генерално непрооден или речиси непрооден.

Законодавецот предвиде исклучително строги казни за оние кои нема да ја почитуваат задолжителната одлука за зимски гуми. Сообраќајната полиција може да изрече казни до 5.000 евра за сопствениците на автомобили кои немаат зимски гуми на тркалата кога возат по австриските патишта во периодот од 1 ноември до 15 април, во случај со овој чин да се загрозат другите учесници во сообраќајот.

Доколку тоа не е случај, тогаш казната за непочитување на одредбата за задолжителни зимски гуми е 60 евра.

Оној што тврдоглаво не сака да става зимски гуми или синџири за снег може да смета и на тоа дека полицијата ќе му го тргне автомобилот од сообраќај заради безбедност во сообраќајот.

ARBÖ предупредува дека во случај на сообраќајна несреќа на пат покриен со снег, мраз или кал, возач на автомобил без пропишана зимска опрема може да има дополнителни правни проблеми со својата осигурителна компанија или осигурител.

Затоа, оние кои од среда го започнуваат патувањето во Австрија, треба да внимаваат на овие правила за пропишаната зимска опрема, доколку не сакаат да ја „добијат во џеб“.

Пословни

Промовирани огласи »

Од јануари 2024 година минималната саатница во Германија треба да се зголеми за 41 цент. Ова беше препорачано на крајот на јуни од Комисијата за минимална часовна плата во Берлин.

Работничките здруженија, сепак, бараат значително повеќе пари, пишуваат германските медиуми, пренесува магазинот „Феникс“.

Општата минимална плата за час во Германија се зголемува од 12 евра на 12,41 евра од јануари 2024 година.

Ова го препорачува Комисијата за минимална саатница во својот извештај.

Договорот на Комисијата не беше едногласен: работниците се пожалија дека зголемувањето на минималната саатница е премало.

Комисијата поделена

Овој пат препораката за зголемување на саатницата не беше донесена со консензус. Претставниците на работниците се спротивставија на „прениското зголемување на минималната саатница“. Според нивните изјави, одборот ги надгласал.

Според законот, на секои две години се поднесува предлог за зголемување на минималната саатница.

Здруженијата побараа 2 евра повеќе

Во случај на несогласување, претседавачот може да воспостави мнозинство. Така се случи и овој пат: Здруженијата на работодавачи не сметаа дека поскапувањето од 41 цент е соодветно. Побарале 2 евра повеќе.

Несогласување имаше и во самата комисија за минимална плата: Штефан Корзел, член на одборот на Германската конфедерација на синдикати (ДГБ) и член на комисијата, имаше за цел минимална саатничка плата од најмалку 13,50 евра за да ја надомести инфлацијата.

Законската минимална плата за час во Германија постои од 2015 година.

Во почетокот беше 8,50 евра, а оттогаш е неколкукратно зголемен.

Минималната саатница ќе се зголемува во два чекора до 2025 година

Законската минимална саатница, која моментално е 12 евра на час, во следните две години треба да се зголеми на 12,82 евра.

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл (СПД) најави дека ќе го спроведе соодветниот предлог на Комисијата за минимални часовни плати. Комисијата предложи зголемување на минималната саатница од сегашните 12 евра на 12,41 евра на 1 јануари 2024 година, а една година подоцна на 12,82 евра. Станува збор за вкупен пораст од 6,8 отсто.

Според податоците на Министерството за труд, работниците добиваат „околу 2.080 евра бруто месечно за 40-часовна работна недела со минимална плата“, објави претходно агенцијата ДПА.

Колку од тоа останува во нето заработката по одбивањата за данок, пензиско, здравствено, нега и осигурување во случај на невработеност зависи – како и секогаш – од различни фактори, како што се даночната група, брачниот статус или бројот на деца.

Колку луѓе во моментов работат за минимална саатница од 12 евра?

Според германските медиуми, не може точно да се каже колку луѓе во моментов работат за минимална саатница од 12 евра. Според последните податоци на Заводот за статистика, околу шест милиони работници (15 отсто) биле вработени во секторот со ниски плати.

Затоа, секторот со ниски плати вклучува работни места кои плаќаат помалку од 12,76 евра на час.

Според информациите, од зголемувањето на минималната саатница на 12 евра корист имале околу 5,8 милиони луѓе кои претходно заработувале помалку од 12 евра. Во моментов работниците не смеат да заработуваат помалку од 12 евра на час.

Политичарите, но и претставниците на работниците, се погласни бараат повисока минимална саатница. Се бара зголемување на минималната саатница до 14 евра. Самиот министер за економија се чини дека не е задоволен од сегашната минимална саатница.

Министерот за економија Роберт Хабек во ТВ емисија го коментираше зголемувањето на минималната саатница.

„За мене е прениско зголемувањето на минималната саатница“, рече тој.

Синдикатите се почесто бараат повисоки саатници за своите работници. Поради ниските саатници, секторите со ниски плати како гастрономијата и секторот за хигиена и чистење сè потешко наоѓаат работници.

Работниците во продавниците, но и во другите дејности бараат повисоки плати.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »