Промовирани огласи »

На Индија и требаат многу одлучни, крајно дисциплинирани и вредни млади луѓе кои треба да работат 70 часа неделно за да ја направат земјата глобална економска сила - изјави индискиот милијардер Н.Р. Нарајана Марти.

Овој ко-основач на софтверскиот гигант „Инфосис“, кој е и дедо (татко на сопругата) на британскиот премиер Риши Сунак, додал дека Германците и Јапонците го направиле истото по Втората светска војна, пренесува Си-Ен-Ен.

Нашата младина презема од Запад некои навики кои не се толку пожелни и со тоа не и помагаат на државата. Продуктивноста на трудот во Индија е меѓу најниските во светот - рече милијардерот, кој исто така верува дека корпоративните лидери во Индија треба да ги мотивираат младите да „работат многу напорно“, велејќи им дека нивната земја сега стекна почит на глобалната сцена за првиот пат.ниво и дека е време да се консолидира и забрза напредокот.

Според Форбс, Марти има богатство од повеќе од четири милијарди долари.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска треба да објави нова цена на топлинската енергија во Скопје, што ќе се применува од утре. 

Новата цена, за која РКЕ вчера одржа подготвителна седница, ќе ја соопшти на прес-конференција претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Според најавите од Бислимоски, парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти, односно, како што вели, зголемувањето би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво.

-Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави Бислимовски во телевизиско гостување.

Одлуката за новата цена требаше да биде донесена во август годинава, но беше одложена поради оштетувањето на топловодот на мостот „Беласица“, што беше опожарен и се чекаше старт на работите за санација. Вообичаено РКЕ носи две одлуки за парното годишно, првата на почетокот на август, а втората во декември. Годинава, како што кажа Бислимоски, ќе донесат само една одлука за цената која ќе важи во текот целата година.

Во Скопје има околу 60 000 корисници на топлинска енергија. Во реоните каде што има парно греење трафостаниците не се димензионирани за греење со електрична енергија поради што Бислимоски очекува да продолжи субвенционирањето на цената на греењето од страна на Владата.

Со одлуката за новата цена треба да се вратат и шесте милиони евра што во јануари 2022 година ги даде Владата за набавка на природен гас за потребите на парното греење во Скопје.

Промовирани огласи »

Revija Bar & Food е место каде можете подеднакво да уживате во добрата и вкусна храна како и самиот амбиент со добра музика. Моментално поради зголемен ангажман го прошируваме својот тим. Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на отворените активни работни позиции!

Моментално се отворени следниве работни места:

ПИЦА МАЈСТОР/КА
КЕЛНЕР/КА
ШАНКЕР/КА
САЛАТЕР/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ГОТВАЧ/КА
ХИГЕНИЧАР/КА
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН

Се уште невработени!? Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Вчера, 29 октомври, почна зимскиот распоред на летање на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на охридското авиопристаниште „Свети Апостол Павле“, и ќе трае до 31 март 2024.

Од Скопскиот аеродром по зимскиот распоред ќе летаат 13 авиокомпании. „Ер Србија“ ќе лета до Белград, „Аустријан“ до Виена, а „Кроација ерлајнс“ до Загреб. Грчката авиокомпанија „Еџијан“ ќе лета до Атина, а од 2 октомври и до Сараево. „Туркиш ерлајнс“ продолжува да лета до Истанбул, а „Пегасус“, освен до Истанбул, ќе лета и до Измир. Од Скопскиот аеродром, „Сан експрес“ најави дека продолжува да сообраќа со чартер-летови до Измир и до Анталија, како редовни летови и во зимската сезона.

Новата авиокомпанија што влезе на македонскиот авијациски пазар, „Луфтханза“, ќе има редовен лет до Франкфурт, а до Цирих ќе летаат авиокомпаниите „Чаир ерлајнс“ и „Еделваис“. „Изи џет“ ќе лета до Женева, а „ЛОТ Полиш ерлајнс“ ќе лета до Варшава. Останатите 29 дестинации ќе ги опслужува унгарскиот авиопревозник „Визер“, кој, со субвенции од Владата, воведе четири нови линии од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана.

Од ТАВ Македонија информираа дека деталите за дестинациите, авиокомпаниите и за фреквенциите на летовите може да се видат на веб-страницата

– Нови авиокомпании, враќање на авиокомпании што веќе сообраќале претходно на македонскиот воздухопловен пазар и воведување нови и атрактивни авиолинии се на врвот на нашата листа на приоритети. Како аеродромски оператор, секогаш се стремиме да одговориме на барањата на нашите патници за уште поголем број можности за патување од нашите аеродроми – потенцираат до ТАВ Македонија.

Најчести дестинации од Меѓународниот аеродром „Скопје“, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември 2023 година биле Истанбул (двата аеродрома, ИГА и „Сабиха Ѓокчен“ со 10,8% пазарен удел), „Базел Милуз“ (6,1%), Цирих (5,5%), Виена (4,7%), Дортмунд (4,5%), потоа Франкфурт (4,2%), Минхен Меминген (4,1%), Анталија (4%), Малме (2,6%) и Келн (2,6%).

Со зимскиот распоред на летање, од Охридскиот аеродром ќе летаат три авиокомпании, и тоа: „Чаир ерлајнс“ и „Ерелваис“ до Цирих и „Визер“ до Дортмунд, Минхен Меминген и Виена. Аеродромот „Свети Апостол Павле“ беше сведок на одлична летна сезона, засилена со сезонските и чартер-летови до Белград на „Ер Србија“ и до Манчестер и до Лондон („Гетвик“) на ТУИ. Инаку, за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, најчеста дестинација за патување од Охридскиот аеродром беше Базел (21,5% удел на пазарот), потоа Виена (21%), Дортмунд (16,4%), Меминген (11,9%), Малме (9,4%), Цирих (9,3%), Амстердам (8,8%), а останатите дестинации имаат 0,5%.

Топ-5 земји со директни летови од македонските аеродроми за периодот јануари – септември 2023 година беа Германија (27,3% удел на пазарот), Турција (16,9%), Швајцарија (13,4%), Шведска (6,7%); и Италија (6,5%).

Што се однесува до учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај за првите девет месеци од 2023 година на Скопскиот аеродром, „Визер“ превезол најголем број патници (60,2% удел на пазарот), потоа „Туркиш ерлајнс“ (7,4%), „Пегасус ерлајнс“ (6,1%), „Аустријан ерлајнс“ (4,7%), „Чаир ерлајнс“ (3,7%).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »