Промовирани огласи »

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека на 24 ноември ќе им бидат блокирани сметките на компаниите кои дотогаш не го платиле данокот на солидарност, кој оваа година беше воведен како еднократен и кризен.

Согласно нашиот календар, на 6 ноември ќе ги доставиме опомените. Доколку и по тоа нема направено уплата, на 24 ноември ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки, рече Лукаревска.

Директорката на УЈП нагласи дека една компанија може да го одложи плаќањето до крајот на годината, но со банкарска гаранција или со залог на движен и недвижен имот

До сега се собрани 2,21 милијарди денари од данокот на солидарност, или околу 36 милиони евра, но 50-тина компании, од вкупно 150 обврзници, се уште го немаат подмирено

257 милиони денари е најголемиот поединечен износ платен за данок за солидарност.

Лукаревска додаде дека меѓу оние кои немаат платено има и јавни претпријатија.

Промовирани огласи »

24-годишник е најмладиот милионер во евра за 2022 година, остварил и пријавил доход од странство во износ 61,6 милиони денари, а 77-годишник со остварени 92,9 милиони денари доход, е највозрасниот милионер во евра, главно од дивиденди од компании во земјава.

Најмладиот милионер во денари во земјава има 9 години со остварени нешто над еден милион денари од закупнина, а највозрасниот има 97 години и во 2022 година остварил доход од 1,2 милиони денари, по однос на пензија и доход од извршена работа, извести на денешната прес-конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска. 

Промовирани огласи »

Н.Р. Нарајана Мaрти наведува дека продуктивноста на трудот во Индија е меѓу најниските во светот/

На Индија и требаат многу одлучни, крајно дисциплинирани и вредни млади луѓе кои треба да работат 70 часа неделно, за да може земјата да стане светска економска сила – изјави индискиот милијардер Н.Р. Нарајана Марти.

Овој ко-основач на софтверскиот гигант „Инфосис“, кој е и „дедо“ на британскиот премиер Риши Сунак, додава дека Германците и Јапонците го направиле истото по Втората светска војна, пренесува Си-Ен-Ен.

Нашата младина презема од Запад некои навики кои не се толку пожелни и со тоа не и помагаат на државата. Продуктивноста на трудот во Индија е меѓу најниските во светот - посочи милијардерот, кој исто така смета дека корпоративните лидери во Индија треба да ги мотивираат младите луѓе да „работат многу напорно“, со тоа што ќе им кажат дека нивната земја сега за прв пат стекна почит на глобално ниво и дека е време да се консолидира и забрза напредокот.

Според Форбс, Мaрти има богатство од повеќе од четири милијарди долари.

ФОТО: YouTube/Print Screen

Промовирани огласи »

Според податоците, искажаниот годишен бруто-доход за 2022 година изнесува 413,8 милијарди денари, пресметаниот данок на личен доход е 25,7 милијарди денари. Вкупниот приход на граѓаните е за 47,2 милијарди повисок во однос на 2021 година, данокот на личен доход 3,3 милијарди денари повисок во 2022 година, извести на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Годишните даночни пријави УЈП ги изготвува врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход поднесени од компаниите во земјата, пресметките со кои граѓаните пријавиле дека оствариле доход од физички лица од земјата, пресметките со кои граѓаните пријавиле доход од странски фирми и странски физички лица, годишниот даночен биланс и решенијата за данок на личен доход, кој се утврдува според паушално утврден нето-доход од вршење самостојна дејност.

Според податоците, 617.854 лица оствариле бруто-доход од 100.000 до 1 милион денари, а 62.455 граѓани оствариле бруто-доход над 1 милион денари.

Како што информира Лукаревска, во споредба со 2021, во 2022 година се бележи раст на граѓани што оствариле доход што спаѓа во врвните прагови, односно 28 граѓани во 2022 година оствариле приход над 100 милиони денари, што е за тројца повеќе од 2021 година. 995 граѓани оствариле приходи од 10 милиони до 100 милиони денари, што е за 238 лица повеќе од 2021 година.

446 милиони денари е највисокиот вкупен годишен бруто-доход остварен по повеќе основи од жител на Скопје и највисоката годишна бруто-плата во 2022 година исплатена е кај граѓанин од Скопје.

Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари.

Највисокото лично примање во износ од 280,6 милиони денари по основ на извршена работа е остварена исто од Скопје, доход што лицето го остварило во странство.

173,4 милиони денари е највисоката остварена капитална добивка од жител на главниот град, остварена при продажба на удел во трговско друштво, соопшти директорката на Управата за јавни приходи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »