Промовирани огласи »

Според податоците, искажаниот годишен бруто-доход за 2022 година изнесува 413,8 милијарди денари, пресметаниот данок на личен доход е 25,7 милијарди денари. Вкупниот приход на граѓаните е за 47,2 милијарди повисок во однос на 2021 година, данокот на личен доход 3,3 милијарди денари повисок во 2022 година, извести на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Годишните даночни пријави УЈП ги изготвува врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход поднесени од компаниите во земјата, пресметките со кои граѓаните пријавиле дека оствариле доход од физички лица од земјата, пресметките со кои граѓаните пријавиле доход од странски фирми и странски физички лица, годишниот даночен биланс и решенијата за данок на личен доход, кој се утврдува според паушално утврден нето-доход од вршење самостојна дејност.

Според податоците, 617.854 лица оствариле бруто-доход од 100.000 до 1 милион денари, а 62.455 граѓани оствариле бруто-доход над 1 милион денари.

Како што информира Лукаревска, во споредба со 2021, во 2022 година се бележи раст на граѓани што оствариле доход што спаѓа во врвните прагови, односно 28 граѓани во 2022 година оствариле приход над 100 милиони денари, што е за тројца повеќе од 2021 година. 995 граѓани оствариле приходи од 10 милиони до 100 милиони денари, што е за 238 лица повеќе од 2021 година.

446 милиони денари е највисокиот вкупен годишен бруто-доход остварен по повеќе основи од жител на Скопје и највисоката годишна бруто-плата во 2022 година исплатена е кај граѓанин од Скопје.

Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари.

Највисокото лично примање во износ од 280,6 милиони денари по основ на извршена работа е остварена исто од Скопје, доход што лицето го остварило во странство.

173,4 милиони денари е највисоката остварена капитална добивка од жител на главниот град, остварена при продажба на удел во трговско друштво, соопшти директорката на Управата за јавни приходи. 

Промовирани огласи »

Идеално, работната култура се состои од средина во која на вработените им се верува, се третираат како достојни, а не на микроменаџирање. На вработените им се доверени вредноститевизијатамисијата и стратешката рамка во која од нив се очекува да ја вршат својата работа.

Тие добиваат честа комуникација, се третираат со почитучтивост и имаат придонес во секој аспект на работата што се ангажирани да ја произведуваат. Тие се исто така се охрабрени да зборуваат за тоа во што веруваат кога учествуваат во решавање на проблем за клиентот. Организацијата им верува со своите најзначајни и критични финансиски информации за да не бидат исклучени од деловните проблеми.

Ниту едно работно место не е секогаш опкружено со совршена работна средина и култура за поддршка за поттикнување на мотивацијата на вработените. Доколку како работодавач сте мотивирани да го проширите својот круг на вработени секогаш можете да не контактирате на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

На Индија и требаат многу одлучни, крајно дисциплинирани и вредни млади луѓе кои треба да работат 70 часа неделно за да ја направат земјата глобална економска сила - изјави индискиот милијардер Н.Р. Нарајана Марти.

Овој ко-основач на софтверскиот гигант „Инфосис“, кој е и дедо (татко на сопругата) на британскиот премиер Риши Сунак, додал дека Германците и Јапонците го направиле истото по Втората светска војна, пренесува Си-Ен-Ен.

Нашата младина презема од Запад некои навики кои не се толку пожелни и со тоа не и помагаат на државата. Продуктивноста на трудот во Индија е меѓу најниските во светот - рече милијардерот, кој исто така верува дека корпоративните лидери во Индија треба да ги мотивираат младите да „работат многу напорно“, велејќи им дека нивната земја сега стекна почит на глобалната сцена за првиот пат.ниво и дека е време да се консолидира и забрза напредокот.

Според Форбс, Марти има богатство од повеќе од четири милијарди долари.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска треба да објави нова цена на топлинската енергија во Скопје, што ќе се применува од утре. 

Новата цена, за која РКЕ вчера одржа подготвителна седница, ќе ја соопшти на прес-конференција претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Според најавите од Бислимоски, парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти, односно, како што вели, зголемувањето би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво.

-Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави Бислимовски во телевизиско гостување.

Одлуката за новата цена требаше да биде донесена во август годинава, но беше одложена поради оштетувањето на топловодот на мостот „Беласица“, што беше опожарен и се чекаше старт на работите за санација. Вообичаено РКЕ носи две одлуки за парното годишно, првата на почетокот на август, а втората во декември. Годинава, како што кажа Бислимоски, ќе донесат само една одлука за цената која ќе важи во текот целата година.

Во Скопје има околу 60 000 корисници на топлинска енергија. Во реоните каде што има парно греење трафостаниците не се димензионирани за греење со електрична енергија поради што Бислимоски очекува да продолжи субвенционирањето на цената на греењето од страна на Владата.

Со одлуката за новата цена треба да се вратат и шесте милиони евра што во јануари 2022 година ги даде Владата за набавка на природен гас за потребите на парното греење во Скопје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »