Промовирани огласи »

Северниот сосед има најмногу злато во регионот. 

Србија е прва во регионот со 38,5 тони, Македонија е втора со 6,8 тони злато.  Податоците на Светскиот борд за злато, покажуваат дека најголеми резерви во светот имаат САД со 8.133 тони, потоа следи Германија со 3.355 тони, а на третата и четвртата позиција се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста со 2.010 тони. 

На Западен Балкан после Србија и Македонија, следат Словенија со 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тони, Босна и Херцеговина (БиХ) со 2,7 и Хрватска со два тони злато.

Промовирани огласи »

Нема да има промена на опсегот на четирите блок тарифи за електричната енергија на регулираниот пазар и покрај  забелешките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

РКЕ го носи тарифниот систем и кажува во кој опсег ќе се блок тарифите. Да, има забелешки од ММФ дека блоковите треба да се намалат, но одговорно тврдам - блоковите и нивниот опсег нема да се намалат. Не е тоа решение. Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16 отсто. Дури и тоа што беше потопла зимата има удел, но сепак до овој процент е стигнато со штедење на домаќинствата и факт е дека потрошувачката е намалена, рече Бислимоски за ТВ 24.

Нагласи дека намалувањето на субвенциите што ги даваше Владата за електричната енергија е логичен след затоа што, како што рече, оваа година, по завршувањето на грејната сезона немаме потреба од ТЕЦ Неготино и големите набавки завршија. Воедно, додаде, имаме и постабилна и попредвидлива состојба со цените на електричната енергија на берза. 

Имаме постабилна ситуација во однос на цената на струјата на слободниот пазар кај нас и во регионот, кога може да се купи струја на слободниот пазар. Во тој дел потребите кои требаше да ги обезбеди ЕСМ за универзалниот снабдувач, за малите потрошувачи и домаќинствата, загубите во дистрибутивната и преносната мрежа, сега се обезбедуваат на слободниот пазар по цени кои се многу пониски. Оттука се должи тоа што се намалуваат субвенциите за ЕСМ. По лошата 2021 година ЕСМ го зголеми производството на струја во 2022 и очекуваме годинава да биде над четири милијарди киловат часови, посочи Бислимоски. 

Од тој аспект, додаде, нема потреба да се даваат толку пари, зошто сите трошоци се намалени. 

Промовирани огласи »

Инфлацијата, растот на платите и другите макро и микроекономски влијанија ја направија Црна Гора најскапата дестинација за живеење во регионот, ако ги исклучиме Хрватска и Словенија, кои се членки на Европската унија, покажуваат податоците на веб-страницата Numbeo.

Според овие податоци, индексот на потрошувачките цени во Црна Гора е 42,4, што е највисок пресметан индекс за Балканскиот Полуостров. Индексот ги вклучува трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, комунални услуги, намирници, како и бројни други параметри. Како параметар беа земени трошоците за живот во Њујорк и односот на цените на истите производи и услуги.

Индексот на трошоците на животот е теоретски индекс на цени што ги мери релативните трошоци на живот низ времето или регионите. Тоа е индекс што ги мери разликите во цените на стоките и услугите и овозможува замена со други ставки бидејќи цените варираат.

Така, на пример, Црна Гора има индекс од 15,7 кога станува збор за цените на изнајмување станови, додека индексот на киријата комбиниран со останатите животни трошоци е 29,7, што ја рангира меѓу поскапите дестинации во јужноевропскиот регион. Тоа значи дека цените за изнајмување станови во Црна Гора се за 70 отсто пониски отколку во Њујорк, но според индексот на кирии е дури и пред Хрватска и Грција. Меѓутоа, просечната месечна плата во Њујорк е околу 4.500 евра, додека во Црна Гора е околу 800 евра, пренесува Дан.

Минималната потрошувачка кошничка за четиричлено семејство во септември годинава изнесува нешто повеќе од 847 евра, покажуваат податоците на Монстат, што претставува зголемување од дури 201 евро во однос на истиот период во 2020 година, како што претходно пишуваше „Дан“.

Кога минималната плата беше 250 евра, минималната кошничка беше 646 евра, додека по зголемувањето на минималната плата на 450 евра, минималната кошничка исто така се зголеми за 200 евра, поточно за 201 година, на 847 евра.

Според последните податоци, расходите за храна и безалкохолни пијалоци изнесуваат 397,5 евра, а за непрехранбени производи и услуги 449,9 евра. Потрошувачката кошничка се зголемила за 23 евра само од јули кога изнесувала 824 евра.

Промовирани огласи »

Според информациите од Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 37 876 денари.

Тоа претставува зголемување од 16.4 отсто во однос на истиот месец 2022 година.

Анализите на ДЗС покажуваат дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во септември 2023 година изнесувала 56.896 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »