Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на ЖИТО МАРКЕТИ!

Како компанија започнува со работа уште од далечната 1998 година.

Вистинската експанзија на брендот се случи во 2014-2015год. со отворени повеќе од 20 супермаркети ширум Македонија. Денес, компанијата „Жито” располага со 59 маркети распространети во 20 општини во земјава: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка, Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево, Македонска Каменица. Со преку 850 вработени претставува препознатлив бренд во својата област со многубројните признанија (најдобар трговски објект за 2010 и 2017год., Superbrands 2015/2016, International Best Brand 2015).

Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и развивање на своите услуги, секојдневно се стреми и кон проширување и усовршување на својот тим!

Моментално како активна е следната работна позиција:

ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

IT SERVICE OPERATION RESPONSIBLE
SOD OPERATION SPECIALIST (IDENTITY & ACCESS MANAGEMENT)
ROLE OPERATIONS SPECIALIST (IDENTITY & ACCESS MANAGEMENT)
AGILE MASTER
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА
SOHO ACCOUNT MANAGER
CONSUMER CONTACT CENTER AGENT
TALENT & LEARNING DEVELOPMENT SPECIALIST

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.
 

Промовирани огласи »

Без разлика колку сте квалификувани или продуктивни, секогаш постои можност да ја завршите работата подобро од порано. Да се внимава да се унапредува вашиот сет на вештини и да се истражуваат начини да се научи нешто ново е почетниот чекор кон станување подобра верзија од себе. Тоа не само што помага да ги зголемите вашите работни перформанси, туку и создава потенцијални можности за вашиот професионален развој. 

Со оглед на важноста на постојаното самоподобрување, во прилог неколку совети и активности за управување со работата кои сигурно ќе ве одведат на долг пат кон зајакнување на вашите перформанси и вредност на работното место:

  • Следење и анализа на времето. Најлесен начин да промашите цел е со одложување или губење време кога треба да клекнете за да завршите некоја задача;
  • Мониторинг на перформансите на тимот, секогаш трудете се да постигнете повеќе заедно;
  • Спроведување на процесот за управување со проекти;
  • Комуницирајте со вашите колеги постојано;
  • Постојано прегледувајте и оптимизирајте како би вметнале новитети во работењетто.

Вие сте тие кои ја имате способноста да се промените и да прераснете во нешто подобро. Значи, ако сте добри во вашата работа и сакате да се истакнете во неа, преземете иницијатива и почнете да работите на вашите работни перформанси. Разгледајте ги горенаведените совети и погрижете се да ги спроведете во пракса на начин кој е најдобар за вас и за вашата кариера.

Промовирани огласи »

Најголемата светска крипто берза Binance се согласи да плати судска спогодба од околу четири милијарди долари, откако нејзиниот основач и извршен директор Чангпенг Жао се изјасни за виновен пред американскиот суд дека не спречил перење пари на оваа платформа.

Жао поднесе оставка како извршен директор на компанијата, а Бајнс призна дека го прекршил Законот за банкарска тајна на САД и програмата за санкции, како и дека не пријавил сомнителни трансакции, пренесува АП.

„Ако користите нова технологија за да го прекршите законот, вие не сте иноватор, туку криминалец“, рече американскиот државен обвинител Мерик Гарланд, кој спогодбата ја нарече една од најголемите корпоративни казни во историјата на САД.

Binance and its CEO Changpeng Zhao pleaded guilty to criminal charges for anti-money laundering and US sanctions violations and agreed to pay over $4 billion in penalties, US Attorney General Merrick Garland said https://t.co/hZAzOk0oDg pic.twitter.com/zEI8MqVQyf

— Bloomberg (@business) November 21, 2023
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »