Швеѓаните имаат најдолг очекуван работен век во ЕУ од 41,3 години, според податоците на Еуростат.
Во Данска просекот е 40,3 години, потоа е Холандија со 40 години, Велика Британија со 38,8 години, Германија со 38,1 години, Естонија со 37,8 години и Финска со 37,7 години.
Со најкраток работен век се Италијанците во просек 31,2 години, а за жените околу 26 години.
На дното на листата се наоѓаат и Хрватска со 32,1 година, Романија со 32,4 години, Грција со 32,5 години, Белгија со 32,6 години и Луксембург и Полска со 32,9 години.
Бугарија е на претпоследното место. Во 2016 година очекуваното траење на работниот век на Бугарите достигнува просек од 31,7 години.