Граѓаните на земјите на ЕУ, во просек работат 35,6 години, што е за 1,8 години подолго отколку во 2006 година.
Според податоци на Евростат, траењето на работен стаж е изразено зголемен кај жените-во просек, за 2,5 години, а кај мажите за 1,1 година. За жените во 2016 година просечен очекуван работен стаж изнесувал 33,1 година, во споредба со 30,6 години во 2006. Кај мажите очекуван просечен работен стаж минатата година изнесувал 38 години, наспроти 36,9 во 2006 година.
Показателите за траење на работниот стаж го подразбраат бројот на години во кои секоја личност до 15 години може да очекува во текот на животот да биде активна на пазарот на труд, вработена или невработена, наведуваат од Евростат.
Меѓу земјите членки на ЕУ, Швеѓаните имале најдолг очекуван просечен работен стаж-41,3 години, а во стапката ги следат и Данците и Холанѓаните со очекуван работен стаж во просек од 40,3 односно 40 години.
Во Велика Британија работниот стаж во просек изнесувал 38,8 години, во Германија 38,1, во Естонија 37,8 а во Финска 37,7 години.
На дно на листата е Италија со очекуван просечен работен стаж од 31,2 години.
Меѓу земјите со просечен очекуван работен стаж пократок од 33 години се Бугарија-31,7 години, Хрватска - 32,1 година, Романија-32,4 години, Грција -32,5 години, Белгија-32,6 години, Луксембург и Полска -32,9 години.
Во сите земји членки на ЕУ, исклучиво Летонија и Литванија, во 2016 година се очекувало траењето на работниот стаж да биде подолг за мажи отколку за жени. За вкупно зголемување на работниот стаж меѓу земјите членки воглавно е причина промената во траење на стажот за жени, се наведува во извештајот на Евростат.