Промовирани огласи »

Барањето за зголемување на платата е чувствителна дискусија и чекор кој бара правилно планирање. Исто така, ќе треба да го убедите вашиот претпоставен дека го заслужувате зголемувањето и да побарате зголемување во вистинско време. 

Во продолжение неколку чекори како коректно да побарате поголем износ:

  • Бидете учтиви
  • Подгответе го теренот барем еднаш пред вистинските преговори
  • Избегнувајте да ја прифатите првата понуда
  • Предложете опсег наместо фиксен износ
  • Бидете реални кон себе

Важно е објективно да му пристапите на прашањето, да формирате став за вашата очекувана плата кој ќе биде заснован на докази и на крај, секако, да преговарате за тој износ.

Промовирани огласи »

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека утре, поради државниот празник „Свети Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурна од 6 до 13 часот ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, а жичницата ќе работи од 10 до 17 часот.

Жичарницата на Водно ќе работи од 10 до 17 часот. 

Промовирани огласи »

Дополнителна поддршка за студентите најавија министерот за економија и министерот за образование и наука. Имено, според она што денес го соопштија за студентите ќе има ваучери за туризам како дополнителна мерка за подобрување на студентскиот стандард, покрај поддршката за превоз што е дел од пакетот антикризни мерки.

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека студентите ќе бидат поддржани со нова мерка -  ваучери за посета на туристички места во земјава.
За тоа ќе бидат наменети 64 милиони денари и најпрво ќе бидат опфатени околу 3 до 4 илјади студенти, а потоа се очекува бројот да се прошири.

На средба со претставници на студенти од државните универзитети во  Министерството за економија, на која присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, се разговарало и со студентите, како и жени претприемачи на микро, мали и средни претпријатија, да имаат предност на повиците за субвенции.

Со мерките за превоз, пак, треба да бидат опфатени над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење.  

Во зависност од пресметаните трошоци за превозот, тие ќе добиваат ваучери за превоз во износ од 600 до 1.200 денари. Надоместокот ќе го добиваат во наредните седум месеци односно до крајот на академската 2023/2024 година.

Промовирани огласи »

ДАУТИ-ТРАНСПОРТШПЕД АД нуди широк спектар на услуги од областа на транспорт и царинско застапување. Со повеќе од 15 години искуство безусловно се стремат да обезбедат квалитетни услуги по највисоки стандарди.

Моментално се активни слдниве работни позиции:

АСИСТЕНТ МЕНАЏЕР ЗА МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА
ЦАРИНСКИ ПОСРЕДНИК (ШПЕДИТЕР)
ВОЗАЧ СО ЕКАТЕГОРИЈА

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »