Промовирани огласи »

Нов паричен додаток за милиони граѓани се очекува во јули 2024 година. Околу 3 милиони луѓе наскоро ќе добијат неочекувани пари без комплицирани барања или досадна документација, јавуваат германските медиуми.

Субвенција благодарение на новата регулатива за пензиско осигурување

Друштвото за пензиско осигурување донесе одлука новите прописи за подобрување на инвалидските пензии за 2024 година да важат од јули следната година. Но, тоа не е се. Додатокот кој може да биде и до 7,5 отсто ќе ги зголеми примањата на многу пензионери.

Ова е голема помош за оние кои ја започнаа инвалидската пензија од 2001 до 2018 година. Сепак, точниот износ на овој неочекуван приход зависи од личните платежни поени релевантни од крајниот рок 30 јуни 2024 година.

Дадените датуми и проценти не ја олеснуваат пресметката, но имаат директно влијание врз месечните примања.

Тоа значи дека, на пример, пензијата од 1.000 евра би можела да порасне на 1.075 евра – значително зголемување што ќе има позитивно влијание врз животот на многу пензионери.

Повеќе пари без комплицирани апликации и бирократија

Друштвото за пензиско осигурување уверува дека автоматски ќе проверува кој има право на овој додаток. Првите плаќања се закажани за јули 2024 година. Се разбира, овие дополнителни трошоци не доаѓаат од никаде.

Владата очекува значителни дополнителни трошоци: 1,3 милијарди евра само во 2024 година и дури 2,6 милијарди евра во следната година. Но, не се работи само за пензиите.

Луѓето кои примаат делумна инвалидска пензија ќе добијат повеќе пари во 2024 година.

Промовирани огласи »

Не е мал бројот на Македонци кои скенираат сметки и го очекуваат повратот на средствата на секои три месеци. 

На социјалните мрежи велат дека, и овој приход, им е испланиран и добредојден во семејниот буџет, а се што треба е да скенираат сметки, а доколку ги немаат се трудат да ги обезбедат и од други. 

540 илјади корисници, граѓани кои редовно скенираат фискални сметки се најсилна потврда за успешноста и значајноста на оваа мерка. Од една страна враќаме пари кај граѓаните, а од друга се бориме против сивата економија. Ќе продолжам да се борам и понатаму, оваа мерка да биде најдоброто нешто од сите мерки коишто досега сме ги реализирале, вели заменик претседателката на СДСМ и директорката на УЈП Сања Лукаревска. 

Она што може да се забележи на социјалните мрежи е и дека, оние кои немаат фискални од пазарување, се снаоѓаат да најдат сметки за да ги скенираат за да ја зголемат сумата се до лимитот кој го исплаќа државата, а изнесува 2.100 денари. 

Најчесто во фесјбук грубите се бараат сметки, од оние кои имаат вишок. Најчесто оние кои работат во продавници, маркети, бензински...може да ги земат сметките кои клиентите ги оставаат и да ги препратат на други за да скенираат. 

На социјалните мрежи постојано се бараат сметки за скенирање, но има и такви кои сами нудат да им излезат во пресрет на други граѓани, на некој начин, да бидат хумани и доколку имаат повеќе нескенирани сметки им ги праќаат во „Инбокс“. 

Само јас скенирам од нашето семејство и речиси секогаш го исполнувам лимитот. Не е мала сума, околу 2.000 денари на три месеци да легнат на сметка, споделува една граѓанка. 

Да, скенирам, но кога стигнам, не се заморувам многу да го постигнам лимитот. Немам време, ниту нерви да барам по социјални мрежи фискални, но тие луѓе кои бараат може навистина им значат тие пари, а мене ми се како гратис, вели друг скопјанец. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моменталновработува:

NEW BUSINESS DEVELOPMENT INTERN
ТЕХНИЧАР ЗА ОПТИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА

Breadway претставува нешто ново за секого! Кафе! Смути! Пекара! Се на едно место! Моментално го проширува својот тим. Придружете се!

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА ВО НОВОГОДИШНА КУЌИЧКА
САДОМИЈАЧ/КА

Секој член на тимот на Fitness House е подеднакво вложен во создавање на удобна, топла и модерна атмосфера во која ќе уживате во храната од нашето мени.

Моментално вработува:

УГОСТИТЕЛСКИ ПЕРСОНАЛ (НОВА ЛОКАЦИЈА АЕРОДРОМ)

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КИ ВО ГОСТИВАР
ПРОДАВАЧ/КИ ВО КУМАНОВО
ПРОДАВАЧ/КИ ВО КАВАДАРЦИ
ПРОДАВАЧ/КИ ВО СТРУМИЦА
ПРОДАВАЧ/КИ ВО СКОПЈЕ

Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој.

Моментално вработува:

ПОМЛАДИ ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

TBM Group е  Чешка компанија, пионир со децениско искуство на организирање глобални деловни конференции и самити. Со канцеларии во Прага и Скопје, TBM Group не е само компанија; тоа е инкубатор за таленти.

Моментално вработува:

JUNIOR SALES AND MARKETING EXECUTIVE

ИНФОСОФТ СИСТЕМС компанија која обезбедува ИТ производи на даватели на услуги, компании на ниво на претпријатија, како и мали и средни бизниси.

Моменално вработува:

TENDER UNIT ASSISTANT

АЛФИ БИ КОМПАНИ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13 години и Алфи Техноцентар Скопје која постои 3 години.

Моментално вработува:

КАСИЕРИ/КИ – КУМАНОВО
КАСИЕРИ/КИ - СКОПЈЕ

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ НА ФРОНТ ОФИС ВО ЕКСПОЗИТУРА – СТРУГА
REFERENT FRONT OFIS NË DEGËN – STRUGË
MЕНАЏЕР ЗА СТРАТЕШКИ КЛИЕНТИ

Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Сите сме работеле за барем еден лош работодавец. Сепак, никој на таква позиција не прави ништо во врска со тоа. Но сте останале во таа компанија и давате се од себе, и покрај вашиот шеф. Или сепак не? Ако некое од овие ви изгледа познато, време е вашето работно место да се обликува или да размислите да најдете поздраво место за работа. Важно е да ги препознаете знаците на токсична работна средина и да знаете кога е време да заминете.

Во продолжение прочитајте ги советите за тоа како да се справите или избегнете токсичната работна средина.

  • Поставете граници

Не дозволувајте да бидете малтретирани и да ја прескокнувате паузата за ручек или да работите дополнителни часови за кои нема да добиете надомест. Објаснете му на вашиот шеф дека ви е потребна пауза за да се одморите и добро да ја завршите својата работа.

  • Фокусирајте се на вашите цели

Без разлика на сè, обидете се да останете позитивни. Нема да бидете тука засекогаш затоа што имате поголеми и подобри цели пред вас.

  • Отстранете ја напнатоста по работата

Следете ги вашите мали ритуали кои можат да ви помогнат да ги отстраните негативната енергија и напнатоста по завршувањето на работата како топол туш, прошетка во природа или разговор со пријател.

  • Не ги заборавајте вашите вредности

Ако некој на работа е суров кон вас, потрудете се да не одговорите на ист начин. Тоа само ќе направи ситуацијата да ескалира.

Што да правите во случај на токсична работа? Развијте пријателства со луѓе кои се чувствуваат исто како вас. Направете нешто после работа што може да помогне да се ослободите од стресот. Започнете ја вашата стратегија за излез од ваквата ситуација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »