Промовирани огласи »

Вредноста на доларот се намалува во однос на еврото втора седмица по ред. 

Доларот ослабе за 1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,1010 долари. Сепак, вредноста на доларот се зголеми во однос на јапонската валута за 0,2 отсто на 142,40 јени. Намалувањето на индексот на доларот на најниските нивоа во последните пет месеци е поради уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки, со оглед на постепеното ублажување на инфлацијата и дека следната година ќе следи намалување на каматните стапки. Оваа година, падови имаше рубљата и лирата. 

foto freepik.com/jannoon028

Промовирани огласи »

На веб-страницата Travel Risk Map, можете да најдете информации за тоа кои земји се најбезбедни за патување, но и држави со најголем ризик.

Темноцрвената ги означува оние во кои е најризично да се патува. Во оваа група се најдоа Украина, Јужен Судан, Либија, Сирија, Ирак, Јемен, Авганистан, Централноафриканската Република и Сомалија. Македонија е на листата на држави со низок степен на ризик, како и повеќето земји во Европа. Со години истите држави се повторуваат на листата небезбедни. 

Целата мапа можете да ја видите тука. 

Промовирани огласи »

Електродистрибутерот ЕВН ги уверува граѓаните дека до крајот на месецов сите ќе добијат евтина електрична енергија во попладневните часови, односно ќе им бидат сетирани броилата.

Корисниците на кои први им се укинала евтината тарифа, сега први добиваат евтина тарифа. Ниту еден корисник нема да биде оштетен. До крајот на месецот сите броила ќе бидат сетирани, освен тие кои се недостапни како: броила во затворени објекти, викендички и слично.

Неделата на СЕТИРАЊЕ на корисникот е усогласена со периодот на отчитување. Значи ако е корисникот во првата недела на отчитување, во првата недела од месецот му било сетирано броилото. Ако е втора група, сетирањето е во втората недела, велат од ЕВН.

Граѓаните се нетрпеливи да заврши сетирањето од страна на универзалниот снабдувач, затоа што од 1 јануари очекуваат поскапување на електричната енергија.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донес одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 18.12.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 4,559 %, кај дизелот 5,356 %, кај екстра-лесното масло 5,376 % и кај мазутот зголемувањето е 4,742 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 1,189 %.

Од 23.12.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин „евросупер БС-95“ – 76,50 (денари/литар)
  • моторен бензин „евросупер БС-98“ – 78,50 (денари/литар)
  • дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 73,00 (денари/литар)
  • масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денара/литар)
  • „мазут М-1 НС“ – 41,937 (денар/килограм)

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ зголемува 1,017 денар/кг и сега ќе изнесува 41,937 денар/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 23.12.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »