Промовирани огласи »


Министерот за економија, Крешник Бектеши, синоќа на Фејсбук најави дека минималната плата ќе изнесува 22.500 денари, а просечната 39.500 денари. Тој напиша дека од март 2024 година, нема да има плата помала од 22.500 денари.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека во четврток ќе биде исплатена првата транша од деветтиот антикризен пакет, меѓу кои и финансиската поддршка за пензионерите со ниски примања.

Редовните пензии, како што изјави, ќе бидат исплатени на 2 јануари.

Пензионерите ќе добијат финансиска помош соодветно на која категорија припаѓаат, а редовните пензии се исплаќаат секој први во месецот. Први јануари е неработен ден, така што на втори јануари ќе ги имаат парите на своите трансакциски сметки сите пензионери, рече Тренчевска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. 

Промовирани огласи »

Авиокомпанијата „Виз Ер“ од средината на јануари до средината на март ќе го намали капацитетот на својата мрежа и тоа ќе резултира со времен прекин на два лета од Скопје. 

Како што информира порталот Еxyuavation прекинот на летовите е поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прет и Витни“. Ова ќе резултира со привремен прекин на три линии во текот на двомесечниот период, вклучувајќи ги Скопје – Луксембург, Скопје – Болоња и Дортмунд – Ниш.

Добавувачот на воздухопловната и матична компанија на „Прет и Витни“, „Ер-Ти-Икс“ врши контрола на квалитетот на моторите инсталирани во стотици авиони ширум светот, кои треба да се отстранат и испитаат.

Компанијата продолжува да презема активности за да го ублажи секое финансиско и оперативно влијание и ќе бара финансиска компензација од „Прет и Витни“, соопштија од „Виз Ер“.

„Визер“ планира привремено да премести два од шесте скопски авиони од средината на јануари до средината на март. Ова ќе резултира со привремен прекин на авиолиниите. Дополнително, над триесет неделни летови се отстранети од скопска мрежа. Услугите за Базел и Меминген ќе ги имаат најголемите намалувања на фреквенцијата. Во Белград, буџетската авиокомпанија планира да ја одржи целата своја мрежа, но ќе отстрани над петнаесет неделни летови, при што еден од четирите авиони ќе биде преместен на два месеци.

Авиолинијата Скопје-Луксембург беше воведена на 1 ноември 2023 година.

Промовирани огласи »

Благо падна вредноста на доларот. Еврото ја зголеми својата вредноста за 0,03 отсто на 1,1024 долари. Тоа е не многу далеку од петмесечниот врв од 1,1040 долари достигнат минатата недела. 

Во однос на доларот, новозеландскиот долар достигна нов петмесечен врв од 0,6325 долари, а австралискиот долар се тргуваше за 0,6817 долари.

Во Азија, јенот порасна за 0,1 отсто на 142,25 за долар. Вредноста на доларот се обидуваше да се стабилизира денеска во екот на ослабената трговија поради божиќните празници.

foto freepik.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »