Промовирани огласи »

Во јануари ќе имаме три неработни денови. 

Следната година ја започнуваме веднаш со неработен ден, а тоа е 1 јануари, а деталната листа на сите неработни денови погледнете ја во продолжение:

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • 01 јануари (понеделник), Нова Година,
  • 07 јануари (недела), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,
  • 10 април (среда), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 01 мај (среда), Ден на трудот
  • 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
  • 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Дури 56.522 денари е минималната синдикална кошничка што ја пресметаа двајцата поранешни министри за финансии Никола Поповски и Драган Тевдовски. Со оваа сума ќе преживее четиричлено семејство, трошејќи само на најпотребните работи и без никаков луксуз.

Потешко им е на семејствата кои плаќаат кирија, бидејќи нивната синдикална кошничка е поскапа за 21.324 денари поради кирија, вода, струја и парно. Структурата на кошницата која не е променета од 2011 година сега има 4 нови ставки за разлика од сегашната или вкупно 11 и ќе биде основа за пресметка на минималната плата во март следната година.

Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, вели дека минималната синдикална кошничка била главен аргумент за покачување на минималната плата за 2.806 денари, потоа за 2.175 или според направените пресметки, за 2.500 денари во март следната година.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска е оптимист за новата методологија бидејќи смета дека оваа година се преземени неколку важни чекори за подобрување на правата на работникот.

Промовирани огласи »

Оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во форма на граѓански надомест, изјави германскиот министер за труд Хубертус Хајл.

Според неговиот план, на секој што целосно ќе одбие работа ќе му бидат укинати бенефициите до два месеци, но државата ќе продолжи да им плаќа за домување за да го спречи бездомништвото.

Планираната регулатива е насочена кон оние кои неразумно и самоволно одбиваат да прифатат разумно работно место што им се нуди. Регулативата ќе биде во согласност со пресудата на Сојузниот уставен суд за парични санкции против граѓаните - соопштуваат од Министерството, а пренесува списанието Феникс.

Се укинува и граѓанскиот додаток, но останува основната идеја за подобро вклучување на луѓето на пазарот на труд преку обука. Надоместокот за обука и додатокот за дополнителна обука ќе продолжи да им се исплаќа на учесниците на курсевите за стручна обука. Секој кој започнал подобна мерка ќе го добие бонусот додека не ја напушти или заврши мерката.

Германската федерална влада сака да го одобри ова ново правило до 2 јануари, а потоа треба да се примени што е можно поскоро.

Оние кои нема да се согласат ќе мора да се соочат со потешки последици. Како министер за труд знам едно - Германија е земја на вредни луѓе. Секој ден гледам луѓе кои се борат да го одржат општеството заедно. Но, некои луѓе сè уште зависат од државата, бидејќи потребата за помош може да влијае на секого, без разлика дали поради болест, невработеност или други околности и за нив е точно дека секогаш можат да се потпрат на социјалната држава - рече министерот Хубертус Хајл.

Промовирани огласи »

По повод претстојните божиќни празници од ЈП Паркинзи на Општина Центар известуваат дека сите паркиралишта со кои стопанисува ова јавно претпријатие на 06 и 07.01.2024 година ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.Македонија.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 08.01.2019 година (вторник) со вообичаено работно време се вели во нивното соопштение.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »