Европски проект поддржан од Националната агенција за европски образобни програми и мобилнос во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Име на проектот „VET modules transformation to hybrid digital learning type and programming subject gamification for EU learners"
Наставниците и учениците од ДУЦОР "Партенија Зографски" учествуваа на Erasmus проект за Учење преку играта Minecraft во времетраење од 2 години. Главната идеја на овој проект за учење програмирање преку играта Minecraft е да се овозможат и воведат алатки кои ке им овозможуваат на децата да научат како да кодираат со помош на игри. Така нашите училишни ентузијасти започнаа експериментирање со оваа фантастична игра и се обидоа да ја вклучат во различни училишни предмети за да направат листа и да ја измешаат со вежби од играта во различни предмети.
Идејата се прошири и во соработка со неколку земји партнерите од ЕУ, ги споивме и споделивме добрите практики и знаења. Проектот е многу иновативен бидејќи наставниците кои ќе го применат нашиот дидактички материјал можат да направат многу иновативни лекции, каде што учениците ќе учат стручни предмети за програмирање додека играат (кодираат), но во исто време следејќи ја унифицираната програма за основи на програмирање.
За интеграција во наставната програма на училиштето користевме имплементација на наставничкиот комплет преку наставен предмет и следење на работата на учениците преку задачите и употреба и искористување за програмирање игри/ учење и разбирање на програмирање на ваков поинтересен начин преку играта Minecraft.
Програмирање во програмските јазици Python, Javascript и други стручни предмети ќе се изучуваат во Minecraft Education околина (главна ставка за изработка на овој проект), така што секој едукатор од други предмети може да се вклучи во гејмификацијата и лесно да соработува со програмскиот персонал за да ги интегрира нивните дисциплини во кодирањето.