Промовирани огласи »

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за МИА нагласува дека тие опстојуваат на својата одлука дека нема да има јавен превоз в понеделник кога е закажана седницата на Советот на Градот, на која како единствена точка на дневен ред, треба да се гласа за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието.

Утрото во понеделник во 4:30 часот ниту еден автобус нема да излезе од базите на претпријатието. Ако им беше битно на 45-те советници на Град Скопје да донесат одлука за субвенциите за ЈСП, тоа можеа да го сторат и вчера и денеска. Ние бараме плата за декември и редовна исплата на платите за 2024 година, дециден е Стојановски.

Прашан доколку во понеделник се донесе одлуката за субвенции на седницата на Советот на Град Скопје, дали истиот ден ќе биде воспоставен повторно јавниот превоз, тој посочува дека и доколку се донесе таа одлука, нејасна е процедурата оти не се знае кога ќе биде исплатена плата. Тој потсетува дека одлуката за субенциите на ЈСП досега три пати била на седница на Советот, и три пати била ескивирана.

Доколку одлуката се донесе во понеделник во разумно време, за парите да можат да легнат на сметката на претпријатието, во вторник ќе има јавен превоз. Во спротивно, автобусите на ЈСП нема да возат ниту во вторник, вели првиот синдикалец во ЈСП.

Промовирани огласи »

Туристичкиот магазин Conde Nast Traveler пронајде земји кои треба да се посетат и не се меѓу најскапите.

Тие ги препорачуваат овие места за посета во 2024 година. Наведоа 21 земја, а меѓу нив е и Македонија како и соседните земји – Србија, Унгарија и Албанија.

Тие сметаат дека нашата земја поминува под радарот бидејќи земјите во близина имаат излез на море. Посочуваат дека во Македонија нема многу криминал и препорачуваат задолжителна посета на Охрид.

Има калдрмени улици и необични цркви кои се очекувани од еден европски град, со дополнителна предност што е сместена на брегот на неверојатно убавото и биолошки разновидно Охридско Езеро, пишуваат тие.

Македонија и претходно се наоѓаше на различни листи како земја која треба да се посети. 

foto freepik.com/saiko3p

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

„Гранд – Експорт“ е основана во 1992 година во Скопје и на пазарот во Република Северна Македонија и во регионот на Југоисточна Европа етаблирана како брзорастечка приватна компанија. Формирана е и раководена од професионалци со истакнато искуство и знаења во трговијата и дистрибуцијата.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР НА ЛАМИНАЦИЈА ВО ПРОИЗВОДСТВО

Во Хилтон угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Тимот го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој гостин.

Моментално вработува:

ШАНКЕР/КА
КЕЛНЕР/КА
МИЈАЧ/КА НА САДОВИ
СОБАР/КА
ACCOUNTS RECEIVABLE SPECIALIST
OPERATIONS MANAGER

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 30 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита.

Моментално вработува:

ХИГИЕНИЧАР/КА
МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
ОПШТ ДОКТОР
СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГИЈА
ДОКТОР - СПЕЦИЈАЛИСТ ПО СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА
ФАКТУРИСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНО СМЕТКОВОДСТВО

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

“Жито” располага со 59 маркети распространети во 20 општини во земјава.

Mоментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ВЛАЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО ИЛИНДЕН
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ВОЛКОВО
ВИДЕО НАДЗОР
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО АЕРОДРОМ/НОВО ЛИСИЧЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО ПЕТРОВЕЦ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО СКОПЈЕ (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ)

Еурофарм е модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ ИЛИ ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ЗА КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ ИЛИ ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ЗА РАДОВИШ И БОГДАНЦИ

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА КАРПОШ
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА – ШТИП
СОРАБОТНИК ЗА ТРАНСПОРТ
ПРОДАВАЧ/КАСИЕР – ВОДНО
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА – АЕРОДРОМ
ВОЗАЧ НА КАМИОН
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - КАПИШТЕЦ

Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него.

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ
АДМИНИСТРАТОР ВО ПРОДАЖБА И ЛОГИСТИКА

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално како активни се следниве позиции:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА И ПРАВНИ РАБОТИ
СМЕТКОВОДИТЕЛ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Заработката преку Интернет е сегмент што станува сè популарен. Вистината е дека постојат многу начини да заработите пари преку Интернет - милиони луѓе го прават тоа секој ден. Има многу деловни идеи што можете да ги испробате дома користејќи го вашиот лаптоп и солидна интернет конекција.

Еве седум начини преку кои можете да заработите пари онлајн:

Фрилансинг: Регистрирајте се на фриланс платформи како што се Upwork, Freelancer или Fiverr и понудете ги вашите вештини како програмер, дизајнер, писател, маркетинг специјалист итн.

Блог и пишување: Стартувајте блог или пишувајте за платформи како Medium. Можете да заработите преку реклами, спонзорирани содржини или привлекување на нови членки за вашите текстови.

Онлајн учење: Ако имате експертиза во одредено подрачје, создадете и продавајте обуки или онлајн курсеви. Платформи како Udemy или Teachable ви овозможуваат да го поставите вашиот курс и да заработувате од истиот.

Афилиет маркетинг: Создадете партнерство со компании и продавајте нивни производи или услуги. Добивате процент за секоја продажба што произлегува од вашиот афилиет линк.

Продажба на фотографии: Ако сте фотограф, продавајте ги своите фотографии на платформи како Shutterstock, Adobe Stock или iStock и заработете пари од авторски права.

Виртуелен асистент: Понудете виртуелни асистентски услуги преку платформи или директно на клиенти. Можете да помагате во организација на средби, одговор на е-пошта, и други задачи.

Инвестирање во акции, криптовалути или недвижности: Ако имате одредени финансиски средства, разгледајте можности за инвестирање. Можете да купувате и продавате акции, тргувате со криптовалути или инвестирате во недвижности.

За да имате успешна онлајн заработка, е важно да бидете предан и да го разгледате изборот што најдобро одговара на вашите вештини и интереси.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »