За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »Биди дел од нашиот тим
позиција: СМЕТКОВОДИТЕЛ
Нептун Македонија е во потрага по Сметководител кој ќе биде задолжен за прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водeње трговски/деловни книги и финансиски извештаи, контролирање на целокупната влезно-излезна документација почитувајќи ги законските прописи врзани за сметководството. Правилно и ажурно книжење на добиената документација, проверка на аналитички картички. Усогласување на книговодствената документација, како и усогласување на материјалното книговодство со финансиското.
Целта е да се придонесе за целокупното ефикасно работење на одделот, а со тоа и остварување долгорочен успех на компанијата преку носење правилни одлуки.
Потребни квалификации:
- ВСС, Економски факултет
- Минимум 3 години искуство во сметководство
- Добро познавање на меѓународните сметководствени стандарди и на македонската сметководствена регулатива
- Лиценца за овластен сметководител е пожелно
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите
- Високо ниво на одговорност, способност за запазување детали и организираност
- Позитивен став и тимска ориентација
Доколку си вешт со бројки и внимаваш на детали, а сметководството е твоја определба, те покануваме да аплицираш и да станеш дел од нашиот успешен професионален тим!
ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа со тим на професионалци
- Можност за развој и напредување
- Работно време: понеделник-петок; 07:30 – 15:30/08:30 - 16:30 (флексибилно)
Слични огласи »