За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »Биди дел од нашиот тим!
ВРАБОТУВАМЕ:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА И ПРАВНИ РАБОТИ
Нептун го зајакнува својот тим за Човечки ресурси и е во потрага по професионална, комуникативна, добро организирана, само-мотивирана и доверлива личност, која ќе биде одговорна за следење и правна заштита по основ на Законот за работни односи. Ќе обезбедува ефикасна и продуктивна подршка во сите сегменти на функцијата.
Основни одговорности:
- Подготовка на документација потребна за вработување, престанок и продолжување на работен однос, креирање на одлуки и останати документи по основ на работен однос, солемнизација на менаџерски договори
- Ги чува и тековно ги ажурира персоналните досиеја на вработените, како и личните податоци на вработените
- Издава разни потврди на барање на вработените
- Евиденција за сите направени испитувања во однос на пропишаните законски регулативи наменети за деловните единици на Друштвото, како што се регулативите за безбедност и здравје при работа
- Организира и води дисциплинска комисија, креира записници, извештаи и одлуки кои произлегуваат од истата
- Изработува, прибира и ја контролира на документација која произлегува како резултат на законските обврски на компанијата поврзани со вработените, како што се на пример: дисциплински постапки, годишни одмори, систематски прегледи, заштита на лични податоци, систем за евиденција на работно време, безбедност и здравје при работа и сл.
- Соработува со државни органи и трудова инспекција во согласност со потребите на компанијата и работното место
- Поднесува потребна документација до релевантните институции
- Го следи и води процесот околу систематските прегледи на вработените, годишните одмори и зема учество во администрација на платата и бенефициите
Потребни квалификации:
- Правен факултет
- 3-5 години работно искуство во Човечки ресурси, во областа на персонална администрација и правни работи
- Добро познавање на англискиот јазик (говорен и писмен) и MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на законската регулатива во областа на работни односи, социјално и здравствено осигурување и останати закони кои се однесуваат на вработување и вработени
- Искуство во работа поврзана со законската регулатива во областа на БЗПР, претставува предност
- Искуство во работа со софтвер за Човечки ресурси
- Високо развиено ниво на работна етика, одговорност и организираност
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Афинитет кон административни работни задачи, педантност и деталност
- Тимска ориентација и желба за учење и развивање
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
- Атрактивна плата и пакет на бенефиции
- Можност за континуиран развој и професионална надоградба
- Работно време: понеделник-петок; 7:30/08:30 – 15:30/16:30часот (флексибилно)
Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле. Рокот за аплицирање е 24.01.2024.
Слични огласи »