Промовирани огласи »

Заработката преку Интернет е сегмент што станува сè популарен. Вистината е дека постојат многу начини да заработите пари преку Интернет - милиони луѓе го прават тоа секој ден. Има многу деловни идеи што можете да ги испробате дома користејќи го вашиот лаптоп и солидна интернет конекција.

Еве седум начини преку кои можете да заработите пари онлајн:

Фрилансинг: Регистрирајте се на фриланс платформи како што се Upwork, Freelancer или Fiverr и понудете ги вашите вештини како програмер, дизајнер, писател, маркетинг специјалист итн.

Блог и пишување: Стартувајте блог или пишувајте за платформи како Medium. Можете да заработите преку реклами, спонзорирани содржини или привлекување на нови членки за вашите текстови.

Онлајн учење: Ако имате експертиза во одредено подрачје, создадете и продавајте обуки или онлајн курсеви. Платформи како Udemy или Teachable ви овозможуваат да го поставите вашиот курс и да заработувате од истиот.

Афилиет маркетинг: Создадете партнерство со компании и продавајте нивни производи или услуги. Добивате процент за секоја продажба што произлегува од вашиот афилиет линк.

Продажба на фотографии: Ако сте фотограф, продавајте ги своите фотографии на платформи како Shutterstock, Adobe Stock или iStock и заработете пари од авторски права.

Виртуелен асистент: Понудете виртуелни асистентски услуги преку платформи или директно на клиенти. Можете да помагате во организација на средби, одговор на е-пошта, и други задачи.

Инвестирање во акции, криптовалути или недвижности: Ако имате одредени финансиски средства, разгледајте можности за инвестирање. Можете да купувате и продавате акции, тргувате со криптовалути или инвестирате во недвижности.

За да имате успешна онлајн заработка, е важно да бидете предан и да го разгледате изборот што најдобро одговара на вашите вештини и интереси.

Промовирани огласи »

Водици или Богојавление денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 6 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар. Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Богојавление бил празник на претхристијанскиот бог-давател Дајбог кој ги исполнувал желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Имено, според верувањето, ноќта спроти празникот точно на полноќ, на глуво доба, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекале тој час Бог им ги исполнувал желбите. Според едно предание од Охрид што го забележал Кузман Шапкарев некој човек што овој миг го гледал низ прозорецот сакајќи да има еден осмак пари по погрешка рекол: „Дај ми Господи, еден осмак глава“. И за чудо на часот главата му пораснала колку еден осмак, та не можел да си ја тргнит назат од пенџерата и му останала надвор од пенџерата, а тој како закоан на неа”. Тој час како што се верува и водите престанувале да течат за миг и биле многу лековити. Од таа вода да се налеело можело да се лекуваат разни болести. Ако пак не се налеела во тој миг водата можела таква да се напрви откако ќе се освети (покрсти) по специјален обред што го изведува свештеникот.

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици. Како што забележал Кузман Шапкарев во минатото во Скопје бил познат обичајот капење на младоженците. Првиот ден од празникот ги бањале зетовците и машките деца првенци, а вториот ден невестите и женските деца, исто така, првенци. Овој обичај се изведувал на тој начин што ги носеле на реката Вардар, а таму попот по специјален обред ги попрскувал со пејана (светена) вода. Познато е дека на првиот ден од празникот по коледица одат само мажите, а вториот ден само жените.

Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода - река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Овој ритуал го симболизира влегуањето на Христос во реката Јордан.

Промовирани огласи »

Вработените во компанијата LTH Castings од Шкофја Лока, словенечки град во близина на Љубљана, се пожалија дека „менаџментот на компанијата направил срамен потег и вовел парични награди за вработените кои не користат боледување“.

Интересно е што во предлогот на правилникот, раководството предвиде и стимулации за оние кои не користат породилно и родителско отсуство, придружба и грижа, но по силната реакција на синдикатот решија да стимулираат само апстиненција од боледување, пишува словенечкиот портал 24ур.

„Овој вид на награда е морално, етички и професионално контроверзен, бидејќи болестите се продлабочуваат и стануваат хронични“, предупредува д-рњ Додич Фикфак од Клиничкиот институт за медицина на трудот, сообраќајот и спортот, кој е „сигурен дека Народниот правобранител таквата одлука ќе ја прогласи за дискриминаторска.

Правилникот важи од 1 јануари годинава. Доколку вработен нема ниту еден ден боледување во период од четири до шест месеци, ќе добива награда од 15 до 60 евра месечно, но доколку продолжи боледување макар и само еден ден – процесот на евалуација се „ресетира“.и започнува од почеток.

Новиот модел на награда наиде на различни реакции во компанијата. Некои работници тврдат дека во оваа компанија, која има филијали и во Љубљана, Хрватска и Северна Македонија, се почесто се регистрира мобинг и омаловажување на работниците.

Раководството на LTH Castings објаснува дека се посветени на „промоција на здравјето и благосостојбата на вработените, што вклучува организација на многу активности во рамките на компанијата“:

„Обезбедуваме редовни здравствени прегледи, поттикнуваме спортски активности, едуцираме за здравствена заштита, даваме вакцинација против грип и ковид-19 итн. “, наведуваат и додаваат.

„Создадовме нов модел на награда заедно со синдикатот на компанијата и го проследивме до сите вработени. Главниот акцент на моделот е да се наградуваат поединци кои работат кога некој е отсутен, а процесот на производство мора да тече нормално. Реакции на моделот, кој нормално ги следи воспоставените практики во Словенија, тие беа разновидни, но мнозинството вработени ги разбираат и прифаќаат неговите цели, кои се насочени кон општото добро и долгорочна стабилност на компанијата“.

ФОТО: YouTube/Print Screen

Промовирани огласи »

Кризата во Црвеното Море ќе влијае на пазарот на кафе.

Трошоците на европските пржилници за кафе нагло се зголемија поради кризата во Црвеното Море и ги принудија да бараат нови извори на оваа стока.

Цените на товарот за контејнери на линијата Азија-Европа поскапеа за околу 150 отсто. Бродовите со зрна кафе од Виетнам и Индонезија го заобиколуваат Црвеното Море, кое е цел на јеменските Хути, и патуваат околу Р'тот на добра надеж, поради што стоката пристигнува во Европа околу три седмици подоцна.

Хутите не планираат да запрат со напади. Тие погодија повеќе бродови. Хутите даваат поддршка на Палестинците од Газа и нивната група Хамас. 

foto freepik.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »