За компанијата: Ние сме модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република...
повеќе за компанијата »Фармацевтската компанија ЕУРОФАРМ е основана во средината на 2000-та година, кога во Скопје е отворена првата аптека од ланецот аптеки ЕУРОФАРМ. Од тогаш до денес евидентен е постојан подем во развојот и унапредувањето на компанијата. Денес Еурофарм е компанија во чии склоп влегуваат 121 аптеки ширум Македонија и веледрогерија која е високорангирана според прометот со лекови на територијата на Р.Македонија. Бројот на вработени исто така е во постојан пораст. Во нашата компанија моментално се вработени 550 лица од најразличен профил (215 од нив се дипломирани фармацевти а останатите се фармацевтски техничари и друг технички персонал).
Активно сме вклучени и во подршка на научните и културните настани во Р.Македонија преку подршка на социо-хуманитарни акции и институции.
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција
Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар за Кавадарци и Неготино
Потребни квалификации:
- ВСС / ССС фармацевтски факултет или средно фармација
- Работа со компјутери
Посакувани карактеристики:
- Развиени комуникациски особини
- Стручност и елоквентност
- Одговорност
- Флескибилност за соработка на широк профил на луѓе
- Професионален и љубезен однос
- Позитивен став
- предност искуство
Сите заинтересирани кандидати нека ги достават своите CVа на следната е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работа во аптека , нагласено за Еурофарм Кавадарци и Еурофарм Неготино
Слични огласи »