Промовирани огласи »

Град Скопје продолжува со проектот за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минатите години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста.

Поставени се нови знаци на булевар Партизански Одреди кај Палма и на улицата Јордан Мијалков, откако минатиот месец отпочнавме со поставување на три локации, информираа надлежните. 

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот.

ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60% што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70%, велат од Град Скопје. 

Контрастот на клучните информации на Лед сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35%. Со овој вид сигнализација функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата. 

Промовирани огласи »

Австралија ќе воведе закони кои ќе им овозможат на работниците да игнорираат повиците и пораките без причина од нивните шефови надвор од работното време.

„Правото на исклучување“ е дел од серијата промени за вработување предложени од федералната влада за заштита на правата на работниците.

Слични закони веќе се во сила во Франција, Шпанија и други земји од Европската унија.

Мнозинството сенатори изразија поддршка за мерката, рече во средата министерот за вработување Тони Бурк од владејачката Лабуристичка партија. Преку правото на исклучување, тоа ги спречува вработените да работат неплатено прекувремено, рече Бурк.

Она што го расправаме е дека некој кој не е платен 24 часа не треба да биде казнет ако не е онлајн и достапен 24 часа на ден, рече во средата премиерот Ентони Албанесе.

Законот треба да се гласа во парламентот следната седмица. Некои политичари, здруженија на работодавачи и челници на компании предупредија дека овој закон ќе ја поткопа конкурентноста и ќе ја загрози транзицијата кон пофлексибилно работно време.

Зелените, кои први го предложија правилото минатата година, го сметаат за голема победа за нивната партија.

Во просек, Австралијците работат шест недели неисплатена прекувремена работа годишно“, рече лидерот на партијата Адам Бандт, додавајќи дека тоа изнесува околу 60 милијарди долари неисплатени плати.„Тоа време е твое. Не од вашиот шеф, заклучи тој.

Промовирани огласи »

Две третини од најпросперитетните држави во светот се во Европа, според индексот на просперитет „Легутам“ за 2023 година. Високо котираат Луксембург, Швајцарија, Холандија и Австрија, објави еuronews. 

Нордиските земји се над ЕУ-просекот, но не успеаја да ги заземат првите места.
Норвешка се најде на 2. место. Финска е на 10. место, а Шведска  се најде на 13. место од вкупно 35 земји на листата. Исланд и Данска се најдоа на 7. и 8. место.

Гледајќи ги четирите најнаселени земји на ЕУ, просечниот расположлив приход беше над просекот на ЕУ во Германија и Франција, додека беше помал во Италија  и Шпанија. Хрватска, последната земја што ѝ се приклучи на ЕУ, имаше повисок просечен расположлив приход од шест земји на ЕУ.

 

На дното се земјите од регионот кои не се дел од ЕУ, меѓу кои е и Македонија. Нешто подобра од Македонија е Црна Гора.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Денеска е убав ден за скенирачите на фискални сметки, се исплатеше трудот од собирање и скенирање.

Всушност, денеска на граѓаните им се исплатени парите од повратот на данок преку проектот Мој ДДВ.

Исплатата се однесува на илјадници граѓани кои скенирале сметки изминатиот период преку апликацијата Мој ДДВ, со што можеле да остварат поврат од платеното ДДВ.
Максималната сума која еден граѓанин кој скенира сметки може да ја добие за едно тримесечие, е 2.100 денари. 

Според податоците, сметки скенираат над половина милион македонски граѓани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »