Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 22.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,238%, кај дизелот за 3,674%, кај екстра лесното масло за 2,350% и кај мазутот зголемувањето е за 1,168%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,178%

Од 24.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 42,901 (денари/килограм)
  • Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Промовирани огласи »

Употребата на паметни телефони и таблети ќе биде забранета во италијанските училници, дури и за наставни цели, според новите упатства што ќе бидат објавени наскоро, изјави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара во денешното интервју за Il Folio.

Забраната, која се однесува на градинките, основните училишта и средните училишта, ја продолжува постоечката забрана за неакадемска употреба на паметни уреди воведена во Италија во 2007 година, објави Анса.

Во 2007 година, Италија ја забрани употребата на мобилни телефони во училниците во обид да спречи нарушување на наставата и злоупотреба преку телефонски уреди.

Учениците се педупредени дека ќе им бидат одземени мобилните телефони, а им се заканува и неможност за полагање на завршните испити.

Промовирани огласи »

Се зголемиле платите во Македонија според Државниот завод за статистика(ДЗС). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39.998 денари. Во неколку сектори платите се зголемиле. 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 отсто) и Градежништво (21.8 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 отсто), Уметност, забава и рекреација (9 отсто) и Рударство и вадење на камен (8.6 отсто).

Промовирани огласи »

Рамстор Македонија е ланец од 29 маркети и еден онлајн маркет „Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Моментално вработува:

ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ - КУМАНОВО
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - НОВ МАРКЕТ КАРПОШ
ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ
ПРОДАВАЧ НА МЕСО ДЕЛИКАТЕС И РИБА
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ
ПРОДАВАЧ НА МЕСАРА - СТРУМИЦА
ВОЗАЧ СО Ц КАТЕГОРИЈА
НАПЛАТУВАЧ НА ПАРКИНГ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ТЕТОВО
КАСАП
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - КАПИШТЕЦ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ВОДНО
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР

Доколку сте се уште во потрага по идеалната работна позиција, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »