Промовирани огласи »

Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

 Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок.

Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи, изјави Бектеши за МИА.

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, како што кажа, уште во декември 2023 година, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата и доставен до Собранието.

 Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието, посочи Бектеши.

Министерството за економија лани на 20 септември донесе Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количество на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед што беше објавена во Службен весник и важи до 29 февруари годинава.

Одлуката се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);  традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

Покрај тоа, донесе и одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што, исто така, важи до 29 февруари годинава и се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.

Министерството за економија донесе и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук што важи до 28 февруари годинава според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки што исто така важи до 28 февруари годинава и за кои применливата царина е 10 отсто.

Со земјите од ЦЕФТА, пак, царината е 0 отсто.  

Промовирани огласи »

„Тивкото отпуштање" на работното место претставува ситуација кога работникот е отстранет од својата работна позиција без јавно или формално објаснување за причината. Оваа практика може да се случи на различни начини, каде работодавачот може да користи суптилни методи за да го отстрани работникот, без да првлече значителна реакција од другите вработени.

Обично, тивкото отпуштање може да се изрази преку преместување на работникот на поспецифични проекти, кои не се однесуваат на нивните основни одговорности или компетенции. Исто така, работодавачот може да му додели работникот илузорни или неосновани задачи, кои се тешки или невозможни за извршување, што ќе го доведе до неговото незадоволство и подготовка за напуштање на работата. Друга техника која се користи е да се намали обемот на работа која работникот ја добива, што може да го остави без задачи или одговорности, што на крај ќе го натера да го напушти своето работно место.

Причината зад тивкото отпуштање обично е да се избегне конфликт или непријатни сцени, кои би можеле да наштетат на имиџот на компанијата. Сепак, оваа практика може да предизвика чувство на несигурност кај работниците, бидејќи честопати не се објаснуваат јасно причините за нивното отпуштање. Тивкото отпуштање може да има негативни последици и за самата компанија, бидејќи може да изгуби ценета работна сила и да создаде лоша репутација со текот на време. Затоа, важно е да се користат отворени комуникациски канали за да се реши било каква работна дисфункција или несогласност.

Промовирани огласи »

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ВО ИТ
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - ДРАЧЕВО
ПРОДАВАЧ/КА-КАСИЕР/КА - КИСЕЛА ВОДА
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - УСЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА - NONFOOD
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА - FMCG
СОРАБОТНИК ЗА ТРАНСПОРТ
СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА
ПРОДАВАЧ/КА-КАСИЕР/КА - ЧАИР

Се уште невработени?! Систе останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Можете ли да замислите само еден ден без струја? Без разлика дали сте на работа, дома, на училиште, на факултет, користењето на електрична енергија е секојдневие. Се користи за греење, ладење, готвење, осветлување, транспорт и многу повеќе.

Сепак, начинот на кој се користи енергијата има огромно влијание врз животната средина и животот во целост. Важноста на оваа тема не опфаќа само исклучување на уредите кога не ги користиме, туку и користењето на апарати што заштедуваат енергија, односно се енергетски ефикасни.

Од 1998 година наваму, 5 март се одбележува како Светски ден на енергетската ефикасност и по тој повод НЕПТУН Македонија сака да ја потенцира важноста од користење на енергетски ефикасни уреди што заштедуваат пари и енергија.

Најважната цел на одбележувањето на овој датум е да се подигне свеста за неопходното намалување на потрошувачката на електрична енергија и нејзиното рационално користење.

Имено, бројни истражувања покажуваат дека апаратите за домаќинство се најголемите потрошувачи, односно трошат 1/5 од вкупната електрична енергија на едно просечно домаќинство годишно.

Сепак, без да се намалува нивната употреба, значителни заштеди може да се постигнат со уреди од повисока енергетска класа, согласно новата ЕУ регулатива за промена во опсегот на енергетските класи.

Водејќи се од бенефитот за своите потрошувачи, НЕПТУН Македонија се издвојува како лидер на пазарот во презентирање на апаратите за домаќинство според новите регулаторни стандарди, каде новиот опсег на енергетска класа се класифицира од A (највисока класа) до E (најниска класа).

Затоа, доколку размислувате да купите нов апарат за домаќинство, препорачливо е да изберете модел од повисока енергетска класа, кој освен што ќе ви помогне во значително намалување на сметките за електрична енергија, дополнително ќе влијае и на намалување во користењето на фосилните горива, унапредувајќи го квалитетот на воздухот и приближувајќи се до глобалните цели за одржлив развој, вклучувајќи ги и оние поврзани со климатските промени.

Во таа смисла, иако првичната инвестиција во енергетски ефикасни уреди може да изгледа поголема, вкупните придобивки за домаќинството, бизнисот, индустријата и за земјата воопшто, се неспоредливи на долг рок.

НЕПТУН Македонија сака да ги едуцира сите заинтересирани за нови уреди, внимателно да ги проучуваат енергетските ознаки или да побараат асистенција од продажниот персонал за носење подобри и информирани одлуки.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »