Промовирани огласи »

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани, туку што објави македонската Царина.

Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири патнички моторни возила се марка МЕРЦЕДЕС, три патнички возила се марка АУДИ, две се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка ТЕСЛА и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Северна Македонија повеќе од 6 месеци.

Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.

Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Северна Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу шест месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија.

Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото.

Промовирани огласи »

Уште три дена календарски ни пристигнува пролетта. 

Имено, на 21. март на Северната полутопка ќе настапи годишното време пролет. Во исто време, за жителите на јужната хемисфера, започнува есента.  

До крајот на месецот се очекува и почетокот на летното сметање на времето. 

Според податоците летното сметање започнува рано изутрина на 31. март. Стрелките одат еден час нанапред, па така времето во 02 часот, од 31.ви март 2024 се смета како 03 часот. Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во месец март. 

Промовирани огласи »

Синдикалните организации на Македонска Пошта најавија дека утре од 08:00 до 10:00 ќе одржат протест пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во поштенското претпријатие.

Според Синдикатот на Македонска пошта, поради алармантноста на состојбите и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојување и иднината на Пошта, зачувување на работните места и егзистенција на нивните семејства.

На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Односно, работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги работниците до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства, со тоа работодавачот го прекрши елементарното работничко право на плата и непочитување на достоинството на работниците, наведува во пишана изјава претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.

Револтот и стравувањата, дополнува Велигденов, се дотолку поизразени од крајно лошата финансиска состојба на друшвото и неизвесноста за редовна исплата на плата во нареден период .

Комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, немаат слух за проблемите на своите вработени и не се придржуваат до договорените ставови, права и обврски. Сите досегашни средби со менаџментот не вродија со плод, односно немање спремност за реформирање и реорганизање на друштвот кое е повеќе од потребно, токму затоа принудени од актуелната ситуација, огромната неизвесност за иднината на нашата компанија и зачувување на работните места вработените – членови на синдикатите својот револт и незадоволство ќе го искажат на општ протест, стои во најавата за протестот.

Синдикатот најави дека утре во 10 часот по завршувањето на протестот пред Дирекцијата на Поштата ќе одржи прес-конференција.

Промовирани огласи »

Јас сум секогаш на две нозе да се селам или да останам. Ама секој од нас секогаш по еднашка во денот последните 10- 15 години си помислил а што ако се преселам. Да ќе се преселиш секогаш ќе бидеш граѓанин на трет ред, на нула ќе почнеш во непозната средина без пријатели,без фамилија, без топлината на Македонија што ти ја дава и ќе се позиционираш  и ќе растеш и ќе созреваш и ќе вработиш и ќе работиш. Дома си е дома тука сме си родени, тука сме си задоени и тука можеме да направиме да ни биде убаво почнете од самите себе излагате надвор гледате ѓубре го зимате и го фрлате во канта. - вели Горан Николоски- Генерален директор на Интеркредит.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »