Промовирани огласи »

Минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 75.587 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 22.200 денари или 36,9 отсто, за облека и обувки 4.866 денари, односно 8,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014 денари или 10 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари или 3 отсто, за здравје 1.059 денари или 1,8 отсто, за транспорт 5.068 денари, односно 8,4 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во април годинава му биле неопходни 3.004 денари, односно 5 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.378 денари или 7,3 отсто, за образование 6.955 денари или 11,6 отсто, за ресторани и хотели 3.890 денари или 6,5 отсто, а за останати стоки и услуги 950 денари, односно 1,6 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 15.375 денари. 

Промовирани огласи »

Следејќи ги светските трендови во високото образование а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите потшишан е меморандум за соработка помеѓу Универзитет СКОПЈЕ познат на јавноста во минатото како Факултет за туризам и менаџмент и KARIERA.mk

Меморандумот беше потпишан од страна на ректорот проф. д-р Аце Миленковски и генаралниот директор на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска.

Предмет на овој Меморандум за соработка е долгорочна научна и информативна соработка помеѓу договорните страни

Двете договорни страни се согласни дека постои взаемен интерес за остварување на долгорочна соработка.

Формата на долгорочната соработка ќе се остварува на еден од следните начини:

  • Презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, од страна на претставник на KARIERA.mk еднаш или повеќепати годишно
  • Заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку оджување на работилници, саеми и предавања на вашиот факултет
  • Бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката за студенти кои се заинтересирани со бенефиции кои се корисни за секој студент
  • Соработка во едукативни процеси преку информирање на студентите за нови огласи за работа и пракса во компаниите кои имаат активни огласи на KARIERA.mk, еднаш месечно преку електронска пошта
  • Техничка помош на студентите при процесот на барање нработа преку кратки обуки за креирање на СѴ и мотивациско писмо во однапред договорени со датум и време со факултетот

Тимот на KARIERA.mk се радува на секоја нова соработка, особено на соработките со универзитетите кои се глас на иднината. Во наредниот период ќе следи и објава на конкретните датуми за заедничките настани и активности кои ги припремаме во нареднте месеци. Младите луѓе заслужуваат поддршка и директна инклузија и веруваме дека студентите ќе ги најдат своите кариерни можности за развој токму на нашиот сервис!

Промовирани огласи »

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на техничката влада , 24 април (среда) и 8 мај (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори  ќе  контролира дали Заклучокот на техничката влада се почитува  од страна на работодавачите.

Промовирани огласи »

Мал, но гласен дел од американските работници свелат дека кетаминот и психоделиците можат да ја зголемат креативноста и да се фокусираат на работата.

Иако постојат некои лични искуства и анегдоти што наведуваат на идејата дека психоделиците можат да имаат позитивен ефект врз продуктивноста на работа, ова не е научно потврдено и не е препорачлив начин за подобрување на работната продуктивност. Воопшто, употребата на психоделици може да има сериозни здравствени и правни последици.

Психоделиците се силен облик на дрога кој може да предизвика различни психички и физички ефекти, вклучувајќи еуфорија, халуцинации, алтерација на свеста и губење на контролата. Овие состојки можат да имаат негативен ефект на когнитивните функции и моторичките вештини, што воопшто не би било позитивно за продуктивноста на работата.

Покрај тоа, употребата на психоделици може да биде нелегална во многу земји и може да резултира со сериозни правни последици, вклучувајќи глоби, законски преследувања и загуба на работно место.

Затоа, во рамките на работната средина, се препорачува да се користат само легални и безбедни методи за подобрување на продуктивноста, како што се управувањето со времето, планирање на задачи, редовен одмор и вежбање. Ако имате проблеми со продуктивноста на работата, најдобро е да се консултирате со професионален кадар или кариерен советник за помош и поддршка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »