Промовирани огласи »

„Жито” располага со 59 маркети распространети во 20 општини во земјава: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка, Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево, Македонска Каменица. Со преку 850 вработени претставува препознатлив бренд во својата област со многубројните признанија (најдобар трговски објект за 2010 и 2017год., Superbrands 2015/2016, International Best Brand 2015).

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ВЛАЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО ВЕЛЕС
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - КИЧЕВО
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО ПЕТРОВЕЦ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО АЕРОДРОМ/НОВО ЛИСИЧЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk изминатиот викенд честеше кафе во градскиот парк во близина на школка, каде што многу од посетителите се запознаа со најновите продукти на KARIERA.mk, а воедно и MojaKARIERA картичката која нуди многу поволности за вработување.

На нашиот штанд освен што имавме прилика да ги запозаеме потенцијалните баратели на работа со нашиот продукт, МојаКARIERA картичката, како и придобивките за истата, тие освен добиените информации можеа и да се почестат и со КАРИЕРА кафе и КАРИЕРА лижавчиња за најмладите.

Што добивате ако ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Погледнете дел од атмосферата, галерија од слики во прилог:

Промовирани огласи »

Овој месец ни престои уште еден неработен ден, а тоа е 24 мај (петок) кога се одбележува „Св. Кирил и Методиј“ - Ден на сесловенските просветители.

За граѓаните од православна вероисповед неработен ќе биде 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден.

На 23 мај (четврток) се одбележува Националниот ден на Власите и ќе биде неработен за припадниците на оваа националност, додека 16 јуни (недела) муслиманите во земјвата ќе го слават Курбан Бајрам, а неработен ќе биде првиот ден на Курбан Бајрам. 

Промовирани огласи »

Да имате добар ментор може да биде неверојатно корисно и важно искуство за личен и професионален развој.

Еве неколку предности што подразбира да имате добар ментор:

  • Водење и советување

Добар ментор може да ве насочи и да ви даде совети и водство во вашиот личен и професионален развој. Тие можат да ви помогнат да ги идентификувате вашите цели и да изработите план за да ги постигнете.

  • Искуство и знаење

Менторите обично имаат значително искуство и знаење во областа во која работите или се обидувате да се развивате. Тие можат да ви помогнат да се научите на практични вештини, да разберете трендови и да избегнете грешки кои можеби би ги направиле сами.

  • Мрежа на контакти

Менторите често имаат широка мрежа на контакти и можат да ве поврзат со луѓе кои можат да ви помогнат во вашата кариера или проект.

  • Поддршка и инспирација

Добар ментор не само што ви нуди совети, туку и ви дава поддршка и инспирација да ги постигнете вашите цели. Тие можат да ве мотивираат кога сте загубени или демотивирани.

  • Рефлексија и раст

Преку разговарање и размена на искуства со вашиот ментор, може да ги подобрите своите вештини за решавање на проблеми, да станете посветени на само-
рефлексија и да се развивате како личност и професионалец.

Секако, важно е да изберете добар ментор кој одговара на вашите потреби и цели. Добар менторски однос може да биде одкривачки и важен дел од вашата кариера и личен развој.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »