Промовирани огласи »

Добивањето на работната позиција која ја посакувате може да биде предизвик, но со правилна стратегија и предготвеност, можете да ги зголемите своите шанси за успех.

Еве неколку чекори кои може да ви помогнат:

  • Истражувајте

Истражете го работниот пазар и пронајдете компании или организации кои нудат позиции кои одговараат на вашите вештини и интереси.

  • Подгответе се

Составете или подновете своето резиме и прилагодете го за работата на која аплицирате. Изучете ги барањата за вработување и бидете сигурни дека имате потребните квалификации.

  • Направете контакт

Ако е можно, направете контакт со луѓе во компанијата. Ова може да биде преку мрежите за дружење, информативни средби или постоечки познанства. Имете позитивен и професионален пристап.

  • Подгответе се за интервју

Вашата интервју техника е многу важна. Вежбајте одговори на можни прашања и научете за компанијата и позицијата за која аплицирате.

  • Покажете ангажман и мотивација

Покажете го вашето ангажирање и мотивација за работата. Покажете им дека сте во состојба да донесете вредност на компанијата.

  • Следете го процесот на вработување

Следете го процесот на вработување и бидете во контакт со компанијата за статусот на вашата апликација.

Со последување на овие чекори и со посветување на време и енергија, имате подобри шанси за добивање на работната позиција која ја посакувате.

Промовирани огласи »

Денес на ден 21.05.2024 год. во Hotel Holidy Inn се одржа SEO работилницата предводена од Evgeni Yordanov SEO Expert во организација на KARIERA.mk 

Со речиси 20 години професионално искуство, Евгени е главен говорник на многу меѓународни настани. Добитник на European Search Awards, тој е сертифициран content marketing professional од Northwestern University’s Medill School of Journalism, кој моментално е во процес на стекнување докторат. 

Работилницата се состоеше од повеќе сесии низ кои се разгоараше за стратегиите на успешните компании и како да употребите SEO во вашите маркетинг стратегии како би помогнале за поголем раст на истите.

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Media House, Netcetera, PLYR Media, Ovation, Pikasa, Setec, Truckers Flow, Property One, IUTE Credit, Autoinstrument, Sloboden Pecat...

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

Промовирани огласи »

Со огромно задоволство и гордост ве известуваме дека на 20.05.2024 год., во чест на Денот на Човечките Ресурси, М Кеш и М Брокер организираа успешен Отворен ден за вработување!

Човечките ресурси се основен столб во секоја успешна работна организација. Секојдневно се соочуваат со предизвици и можности кои бараат креативност, воведување на промени и развој на стратегии за да одговорат на потребите на работната организација  и вработените, а воедно го обликуваат кадровскиот пејсаж, инвестираат во вработените, креираат и поддржуваат лидери и ги мотивираат вработените да бидат најдобра верзија од себе.

Овој ден не само што ни овозможи да го одбележиме значењето и влијанието на работата на одделот за човечки ресурси, туку го  искористивме и за да ги промовираме отворените работни позиции и условите и бенефитите кои ги нудат компаниите М КЕШ и М Брокер како работодавци.

Интересот и посетата од големиот број квалитетни кандидати и потенцијални наши вработени нè мотивира да продолжиме со посветеност кон креирање на квалитетна работна средина.

Им благодариме за интересот на сите кандидати кои не посетија и се надеваме на долгогодишна, успешна соработка со оние со кои го збогативме нашиот тим!

Честит ден на сите ЧР специјалисти, професионалци и посветени вработени во оваа област!

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија ја објави минималната кошница за месец мај.

ССМ бележи пад од 122 денари на синдикалната кошница, но сепак за да се помине месецот потребни се 60.090 денари.

Најмногу пари месечно одат за храна и пијалаци. 21.689 денари се потребни за едно четиричлено семејство да се нахрани и тоа се 36,1% од вкупниот буџет.

За облека и обувки потребни се 4.928 денари или 8,2% од буџетот. За режиски трошоци на едно семејство му се потребни 6.014 денари или 10% од вкупниот буџет. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »