Промовирани огласи »

Компанијата КАМ од мај годинава ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто. Задоволството на вработените директно влијае врз перформансите на една компанија, а тоа секако се рефлектира и со зголемена продуктивност, лојалност и креирање на еден стабилен и компактен тим во кој луѓето се задоволни и сакаат професионално да растат и да се надградуваат. КАМ е ориентиран кон потребите и интересите на вработените, а за тоа сведочи посветеноста да се креира позитивна и поддржувачка работна култура. Со овој пристап, целта е да се зголеми задоволството од работата, мотивацијата и ангажманот на вработените.

На членовите на тимот на КАМ им се обезбедени конкурентни плати, како и голем број бенефиции и поволности. Компанијата овозможува обука и развој кои се задолжителни за сите вработени во првиот месец од вработувањето, а и понатаму постојано се вложува во нивниот професионален развој. Обезбедени се одлични услови за работа, бонуси како и плати кои високо го вреднуваат и стимулираат трудот и севкупната работа на вработените.

- Сите овие придобивки ги уживаат вработените на КAM, кој во нашата држава е посакувано место за работа во областа на малопродажбата што резултираше со освоена награда за најпосакуван работодавач за 2022 година во категоријата на маркети. КАМ како лидер на пазарот во областа на малопродажбата, воедно е и пример и поттик за останатите ланци на маркети во државата кои се стремат и настојуваат за воведување на конкурентни плати и бенефиции за вработените – велат од менаџерскиот тим на КАМ.

Успехот на компанијата пред сè се должи и на сите 1400 вработени. КАМ исто така е насочен кон експанзија и моментално во државата има 84 маркети, а во план е понатамошно ширење и дополнително отворање на нови локации во наредниот период

Регрес за годишен одмор и континуирани награди

Вработените добиваат регрес за годишен одмор, кој е речиси три пати поголем од законски предвидениот и секоја следна година е повисок од претходната. На вработените за 2022 им е исплатен К-15 во износ од  33.000 денари, за 2023 во износ од 37.600, а, за 2024 е планирано зголемување за 10 отсто , односно 41.000 денари. Покрај тоа, КАМ финансиски ја наградува и  успешноста на одредени вработени и сектори кои оствариле извонредни разултати во текот на годината, како мотивација и поттик и за останатите членови на тимот.

Бројни бенефиции за секој член на тимот

Покрај регресот за годишен одмор, во делот за бенефициите предвидени се и останати придобивки за вработените (и за членовите на нивните семејства) како што се: пакет за добредојде за новите вработени, бонус за препорачан пријател, слободни денови за роденден и за лојалност кон компанијата. Меѓу другото вклучени се и ваучер за склучен брак, ваучер за спортска опрема како еднократни бенефиции за вработените, можност за користење на картичка за спортски активности со минимална партиципација од вработените, пакет на производи за верските празници, празничен ваучер, пакет на производи за новороденче, пакети со школски прибор за вработените чии деца се во училиште и се доделуваат при почетокот на првото и второто полугодие, а дополнително тука се и подароци за денот на жената и попуст за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид.

Вработените од одредени сектори имаат и платен организиран превоз и оброк како и бонуси за редовност кои влијаат стимулирачки и се поттик за подобрување на постоечките перформанси на вработените.

Дополнително, КАМ вложува во едукација на ученици од дуалното образование од средните училишта кои посетуваат пракса во компанијата како и на студентите кои согласно платената практикантска  работа се здобиваат со можност да стекнат практични знаења и вештини, а дел од нив добиваат и шанса за редовно вработување.

Компанија која континуирано инвестира

Платите и секако бенефициите кои ги уживаат вработените во КАМ директно влијааат врз зголемувањето на задоволството на вработените и имаат удел и во постигнатите резултати на компанијата.

КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија - сертификатот QUDAL доделен од независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS. Дополнително, наградата Best Buy Award, веќе петта година по ред потврдува дека КАМ има најдобар сооднос на цена со квалитет.

Уште едно истражување, на „Инсајдер ИД“, потврдува дека КАМ е најпопуларниот маркет во Македонија седум години по ред.  КАМ и во 2023 год. е прогласен за број 1 префериран ланец на маркети на домашниот пазар во повеќе поткатегории: највисока лојалност, најдобар сооднос на цена и на квалитет како и најдобра локациска покриеност.

Вработените се највредниот ресурс на компанијата. Нивната благосостојба, задоволство и раст се најважни. Како дел од нашата постојана заложба за градење на поттикнувачка и поддржувачка работна средина, КАМ останува посветен на постојано подобрување на условите за работа.

Со почит,

Ваш КАМ

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА – ОХРИД
СТОЛАР
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЗДРАВА ХРАНА
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Се уште невработени?! Сите останати актвини работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Родовата нееднаквост во платите е глобален проблем кој постои во многу индустрии и региони.

Овие факти ќе ви помогнат да разберете подобро колку е распространет и кои се неговите последици:

1. Глобална родова разлика во платите

  • Глобален просек: Според извештајот на Светскиот економски форум за 2023 година, жените во просек заработуваат околу 16% помалку од мажите за слична работа.
  • Регионални разлики: Родовиот јаз во платите варира од регион до регион. На пример, во Западна Европа, јазот е околу 14%, додека во Јужна Азија може да биде поголем од 30%.

2. Причини за родовиот јаз во платите

  • Сегрегација на трудот: Жени често работат во сектори и занимања кои се помалку платени. На пример, образованието и здравството.
  • Неплатена работа: Жени често извршуваат поголем дел од неплатената работа, како грижа за деца и домашни обврски.
  • Дискриминација: Неправедна дискриминација при вработување и напредување, како и различни стартни плати за слични работи.

3. Стаклен таван и застапеност на жените на лидерски позиции

  • Менаџерски позиции: Жените се слабо застапени на високите менаџерски позиции. Според студија на McKinsey, само 24% од сите C-suite позиции во 2022 година се држеле од жени.
  • Стаклен таван: Постои "стаклен таван" кој ги спречува жените да напредуваат до највисоките нивоа во организациите.

4. Ефекти на родовата нееднаквост во платите

  • Економски раст: Намалувањето на родовиот јаз во платите може да го зголеми економскиот раст. Според извештај на McKinsey, напредокот кон родова еднаквост може да додаде 12 трилиони долари на глобалниот БДП до 2025 година.
  • Потрошувачка: Зголемувањето на платите на жените ќе ги зголеми нивните потрошувачки капацитети, што ќе има позитивен ефект врз економијата.

5. Промени и напредок

  • Политики и законодавство: Многу земји воведуваат законски мерки за да ја намалат родовата нееднаквост во платите, како што се закони за еднакви плати и транспарентност на платите.
  • Флексибилно работење: Флексибилните работни услови и политики за родителско отсуство можат да помогнат во намалување на јазот.

6. Образование и професионален развој

  • Образование: Жените сега често имаат повисоко образование од мажите, но ова не се одразува во еднаков пристап до високо платени работни места.
  • Професионален развој: Поддршка за професионален развој и менторство може да помогне жените да напредуваат на работното место.

Родовата нееднаквост во платите е сложен и многустран проблем кој бара интегриран пристап за решавање. Образованието, законодавните мерки, свесноста и организациските промени се клучни за намалување на овој јаз и постигнување на вистинска родова еднаквост.

Промовирани огласи »

Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината
 

А1 Македонија и оваа сезона ги отвора вратите за најдобрите студенти за програмата A1 WayUp, кои добиваат исклучителна можност својата кариера да ја градат во една од следниве области: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг.
 

A1 WayUp е препознатлива програма што нуди одлична можност за младите да започнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти. Практикантите што ќе станат дел од тимот на А1, ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата во поглед на учење, раст и развој. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици.

Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, а официјално започнува на 1 октомври.

Oд денес до 28.7.2024 г. отворени се апликациите, а сите заинтересирани може да пратат кратка биографија и да се пријават за една од позициите предвидени во програмата.

Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.

Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк и да бидат дел од A1 WayUp – Generation ’24.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »