Дека една личност е на добра работна позиција не значи дека е среќна за тоа. За жал.
Понекогаш тоа е поврзано со ниските плати, понекогаш - со токсична средина на работното место, и доста често - со непродуктивна комуникација со шефот. Многу шефови или мислат дека парите можат да компензираат секакви други страдања, или пак веруваат дека како и да се однесуваат со потчинетите, тие нема да ја напуштат работата од страв да останат без примања. И во двата случаи добиваат демотивирани вработени, со кои нема како да се надеваат дека ќе постигнат големи успеси.
Од Forbes ги посочуваат десетте најчести причини поради кои квалитетни луѓе напуштат навидум добра работа.
1. Нивниот шеф целосно ги игнорира - знак дека неговата работа не ја доживува како доволно значајна.
2. Тие се уморни од ветувања кои никогаш не се исполнуваат.
3. Тие гледаат дека другите, помалку способни, добиваат повеќе почит и признание.
4. Жртви се на интриги, хипокризија или несоодветна корпоративна политика.
5. Им треба премногу време за да добијат одобрение за нивните идеи и иницијативи.
6. Сфаќаат дека нивниот шеф е заинтересиран само за придобивките што тој лично може да ги добие.
7. Убедени се дека нивната лојалност и напорна работа се земаат здраво за готово.
8. Тие нема што повеќе да научат од оваа работа.
9. Разбираат дека постојат места во нивната сфера кои нудат многу подобри услови и поголема разновидност на работа.
10. Се сетиле дека животот е краток, дека мора да се развиаат, да скокаат по повисоки ленти, да ризикуваат и да прават нешта кои ги прават среќни.