Промовирани огласи »

Австрија во текот на оваа скијачка сезона вработува околу 30 000 сезонски работници. Се бараат сиет профили – келнери, готвачи, собарки, масери и масажери …

Како што јавуваат медиумите од регионот, условите за работа зависсат од категоријата на објектот, искуството и познавањето на германски јазик. Посредници помеѓу австриските работодавци и работници во Хрватсла се почесто се агенции за вработување.

Платите за келнери се некаде околу 1600-1800 евра, исто зависно од знаењето на германскиот јазик кој за келнери е клучен. За собарки условуте се околу 1400 евра плата, за масажери исто така, рекла за Дневник.хр Вишња Омрчен од агенција за вработување.

Промовирани огласи »

Традиционалната манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи вечер во Скопје по 13. пат. Во рамки на програма на повеќе локации во градот ќе се одржат концерти, изложби и перформанси.

Големата изложба на генијалниот Салвадор Дали е поставена во Галеријата на Младинскиот културен центар – МКЦ. 

На плоштадот „Македонија“ вечерва перформанс ќе има корејска трупа, додека на платото на Младинскиот културен центар ќе настапи тричлен бенд од Стокхолм, предводен од американскиот композитор Николас Фараоне. Како и многу други музичари од светот и Македонија.

Во горното фоаје на кино „Фросина“, во МКЦ ќе биде поставена изложбата „Сексот и револуцијата“. Авторскиот тим Катерина Станковиќ - Бјеговиќ, ликовна уметничка, и Јелена Живковиќ, историчарка, ги претставуваат љубовните тајни на некои од најголемите имиња на револуциите.

На платото на Младинскиот културен центар ќе настапат „Barbarisms“ - тричлен бенд од Стокхолм, предводен од американскиот композитор Николас Фараоне; „Конкверинг лајон“ (Conquering Lion) - даб/реге/кросовер бенд од Тетово, кој своето творештво го започнува во април 2007; „Нинос Ду Бразил“ – перкусионистичко италијанско дуо, со позадина од бразилската карневалска музика.

Возењето во градските автобуси на ЈСП Скопје кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот до раните утрински часови, ќе биде бесплатно.

Промовирани огласи »

Во Бугарија од денеска стартува проектот „Вработени родители“. Со овој проект вработените родители, чии деца не се запишани во градинка, ќе можат да аплицираат за средства доколку детето го чува невработен родител или баба и дедо.

Невработените родители чии деца не се запишани во градинка, ќе можат од бугарското Биро за труд да добијат финансиски средства како дадилки.

Платата на „дадилките“ ќе биде минималната и ќе може да се добива во период од максимум 18 месеци. Исплатата ќе биде со европски средства од програмата „Развој на човечките ресурси”, соопштува бугарски „Блиц“.

Ако жената одгледува две деца во едно семејство, ќе добива 150 проценти од минималната плата, односно 690 лева (352 евра). Пензионираните баби и дедовци, исто така, ќе можат да се регистрираат во канцелариите за труд, за да ги одгледуваат внуците,  објаснија од Министерството  за социјални работи. .

Според пропозициите, предност ќе имаат самохрани родители, големи семејства, членови на семејства на социјална помош и други ранливи групи.

Се очекува 1.500 семејства со мали деца да аплицираат и на тој начин да се вработат најмалку 2000 невработени лица. Целите на програмата се родителите, чии деца не се запишани во установи за згрижување деца,  да можат да се вратат на работа или, ако се невработени, да можат да најдат вработување. Апликантите треба да се грижат за дете до најмногу пет години.

Невработените родители ќе можат да аплицираат за згрижување на деца, но тие ќе мора активно да бараат работа преку заводите за вработување.

Промовирани огласи »

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“.

Цената на кованите пари „Година на кучето – богата година на кучето“и „Година на кучето – безбедна година на кучето“ изнесува 3.200 денари.

Цената на кованaтa парa „Руски лавиринт“ изнесува 4.300 денари, а цената на кованaтa парa „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ изнесува 2.500 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија www.nbrm.mk.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »