Промовирани огласи »

КАМ Маркет е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Кам има мрежа од 80 маркети низ цела Македонија, а има и свои маркети во Бугарија и Косово. 

Поради константен раст на тимот моментално се оторени следниве работни позиции:

РАКОВОДНИ ЛИЦА - КОЧАНИ
КАСИЕРИ- ВЕЛЕС
КАСИЕРИ - СТРУГА
КАСИЕРИ - ОХРИД
КАСИЕРИ СКОПЈЕ- СКРАТЕНО ВРЕМЕ
РАКОВОДИТЕЛИ СКОПЈЕ, ЛЕПТОКАРИЈА
РАКОВОДНИ ЛИЦА СКОПЈЕ, САРАЈ
КАСИЕРИ СКОПЈЕ, ЛЕПТОКАРИЈА
КАСИЕРИ СКОПЈЕ, САРАЈ
РАКОВОДНИ ЛИЦА СКОПЈЕ, ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
КАСИЕРИ СКОПЈЕ, ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
РАКОВОДНИ ЛИЦА - СКОПЈЕ
КАСИЕРИ - СКОПЈЕ
РАБОТНИЦИ ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ - СПРЕМАЧИ НА РОБА
СОРАБОТНИК ЗА УВОЗ

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 % во однос на одлуката од 15.7.2024 година.

Од 23.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 45,757 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

  • Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,152 ден/кг и сега ќе изнесува 45,757 ден/кг.
  • Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,117%, кај дизелот 2,267%, кај екстра лесното масло за 1,097% и кај мазутот намалувањето е за 2,368%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,781% .

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија објави дека минималните трошоци во јули изнесуваат 60.570 денари и споредбено со јуни зголемени се за 245 денари.

Ако на ова се додаде и изнајмен стан од 60 квадрати кој влегува во новата методологија на пресметка на синдикалната кошница тогаш трошоците се зголемуваат на речиси 76 илјади денари.

Најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

Промовирани огласи »

Неделава стартува исплатата на повратот на ДДВ.

Имено, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто така не користи систем за автоматско вкрстување на податоци за цели на анализа на ризици, а воедно во дел од регионалните дирекции не се пополнети работните позиции чија одговорност е одобрување на повратот на ДДВ, меѓу другите свои задачи, оваа Комисија направи детална анализа и издвои барања за поврат кои претходно биле одобрени, а за кои Комисијата процени дека има одреден степен на ризик и треба да се изврши инспекциска контрола кај даночните обврзници. За останатите износи, кои претходно биле одобрени и доставени за реализација, од следната седмица ќе се врши исплатата на повратот, наведуваат од УЈП. 

Додаваат дека враќањето на вишокот на влезниот ДДВ е легитимно право на даночните обврзници, но ДДВ повратот е подложен на злоупотреби и измами, какви што се случуваа во изминатиот период.

Со формирање на Комисијата започнуваме со редизајнирање на внатрешниот процес за управување со ДДВ во УЈП, почнувајќи од првиот чекор – регистрацијата за цели на ДДВ, со цел процесот да биде ефективен и во однос на заштита на буџетските приходи од злоупотреби и во однос на сигурноста на даночните обврзници кои точно пријавуваат и ги побаруваат средствата од вишокот влезен ДДВ. Паралелно преку Комисијата и надлежните единици во структурата во Генералната дирекција веќе отпочнуваме со централизиран мониторинг и координација на повратот на ДДВ, за да може од прв ден да обезбедиме унифицираност и конзистентност во оперативното постапување во регионалните дирекции, велат од УЈП. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »