Од 80-те до денес, Џорџ Мајкл беше еден од најплатените и најуспешните музичари, а имал и многу високи хонорари.
Богатството на Мајкл се проценува на сто милиони фунти, кои ги заработи со огромните хитови кои со години беа на врвот на светските топ листи.
Погледнете ја кариерата на Мајкл во бројки.
– Во шест милиони примероци е продаден неговиот соло сингл „Careless Whisper“.
– Над 100 милиони албуми продаде Џорџ Мајкл ширум светот.
– Во 20 милиони примероци е продаден неговиот прв соло албум „Faith“.
– Цели три години траеше неговата последна турнеја „25 Live“.
– 14 недели неговиот сингл „I want your sex“, и покрај цензурите, се задржа на првото место на листата Billboard Hot 100.
– Тој има издадено пет студиски албуми, две компилации и еден албум во живо.
– 12 синглови на Џорџ Мајкл биле на прво место во Британија.
– Десет негови синглови биле на прво место во САД.
– 21 музичка награда освои во текот на кариерата.
– „25 Live“ беше негова најмасовна турнеја во кариерата.
– 106 концерти имаше во текот на „25 live“ турнејата во 41 држава, со заработени 200 милиони долари.
– Три милиони долари, рускиот тајкун Владимир Потинин му платил на Џорџ за едночасовен новогодишен концерт во Москва.
– Пет топ манекенки: Наоми Кембел, Татјана Патиц, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон се појавија во неговиот познат спот „Freedom“.
– 112 милиони долари проценето е неговото богатство во 2011 година.
– 400 верзии на познатиот хит „Last Christmas“ изработени се од 1984 година.
– Тој имаше 53 години кога почина.