Промовирани огласи »

Фолксваген планира да затвори најмалку три фабрики во Германија и да отпушти десетици илјади вработени, што би било прв случај во 87-годишната историја на компанијата. Оваа одлука, која има за цел да ги намали трошоците и да ја преструктурира компанијата, се соочува со силно противење од синдикатите, што може да доведе до штрајкови во следните недели. Вработените исто така ќе се соочат со намалување на платите за 10%.

Планираните кратења се дел од напорите на Фолксваген да ја врати својата конкурентност, бидејќи се соочува со зголемена конкуренција од Кина и пад на продажбата на други пазари, губејќи околу 500.000 продадени возила годишно во Европа во споредба со пред-пандемиските нивоа. Компанијата смета дека фабриките во Германија се двојно поскапи од конкуренцијата, што дополнително ја влошува ситуацијата.

Синдикатите во Германија остро реагираат на најавените промени, а работничкиот совет на Фолксваген го опиша планот како „историски“. Компанијата, исто така, размислува за преместување на дел од производството во странство и надворешно префрлување на задачи, со цел да ги намали внатрешните трошоци и да обезбеди финансиска стабилност за идни инвестиции.
 

Промовирани огласи »

Давачките за увоз на половни автомобили во Македонија се намалуваат во почеток на следната година. Цените се очекуваат да паднат за значителни 15 до отсто, посебно кај возилата постари од 10 години покажуваат анализите.

Овој пад на цените е резултат на воведувањето пониски даноци на емисијата на јаглерод диоксид, како и намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за увоз на автомобили, кој ќе важи од Нова година.

Оваа мерка се очекува да овозможи намалување на цените на возилата кои веќе имаат долга историја на пазарот, односно оние постари од десет години, кои честопати се најприфатливи за голем дел од купувачите во земјата. Намалувањето на ДДВ-то за понови автомобили исто така ќе го подобри пазарот за оние кои сакаат да купат возила со помали издувни гасови и повисоки еколошки стандарди.

Трендовите на пазарот позитивно ќе влијаат и на локалните продавачи на половни автомобили, како и на самите купувачи, кои ќе имаат пристап до поевтини возила со различен спектар на карактеристики и цени.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Технолог - Битола
Доставувач - Монтер во Битола
Продажен агент - Битола
Продажен персонал - БИТОЛА
Доставувач на материјали на прозиводна линија

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

KROMBERG & SCHUBERT е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици: кабли, оn-board мрежи, пластична технологија и мехатроника.

Моментално има отворено работни позиции за:

Оператор во производство - Битола
Оператор во производство - Скопје
HR Officer - Intern
Техничар за одржување на тест табли
Работник во одржување производни табли

Како и сите останати отворени и активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »