Технолог - Битола

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

Цермат доо Битола, има потреба од ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО.

Доколку си личност која сака да биде клучна алка во синџирот на производство и контрола на безбедноста и квалитетот, тогаш пријави се на следниот оглас  за:

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование – Биотехнички факултет
  • Висок степен на мотивација за работа во тим,
  • Мотивација за работа во динамично опкружување,
  • Силни развиени организациски и аналитички вештини,
  • Основно познавање на MS Office – Excel, Power Point, Internet,
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност,
  • Претходно слично работно искуство ќе се смета за предност,
  • Познавања од областа на развој на нови производи, планирање на производство,
  • Познавање на НАССР стандарди,
  • Комуникациски вештини и тимска работа,
  • Желба за напредок.

Краток опис на работно место и основни одговорности:

  • Работење во согласност со правните норми и етичките кодекси на компанијата,
  • Атрактивна и динамична работна средина,
  • Контрола и квалитет на готов производ,
  • Контрола на производствените процеси по фази.

Нашата компанија придава голема важност на цврстата волја и определеноста кон носење резултати, но секако и кон развој на сопствениот кадар преку перманентно учење и сопствен личен развој. Позицијата нуди можност за понатамошен Ваш личен и професионален развој во позитивна и динамична работна околина.

Доколку сметате дека сте спремни да станете дел од Цермат семејството, испратете Ваше CV на следниот е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака ТЕХНОЛОГ.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Поврзани огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »