Промовирани огласи »

Дали работата од дома го уништува јавниот сектор?

Тајниот виновник за економскиот пад на Британија

Новата влада, предводена од Лабуристичката партија, дозволи зголемување на работата од дома во јавниот сектор. Продуктивноста на јавните служби паднала за 6.9% во споредба со периодот пред пандемијата. Ова има директно влијание врз целата економија, бидејќи јавниот сектор сочинува голем дел од БДП, а приватниот сектор не може да ја надомести оваа загуба.

Работата од дома доведува до доцнење и нефункционалност на клучни услуги како добивање возачки дозволи, издавање дозволи за градење и наследства, што го запира секојдневниот економски напредок. Ако овие услуги не се завршуваат навреме, се создава синџирна реакција што го успорува развојот на целата економија.

Работата од дома е привилегија што главно ја имаат вработените во јавниот сектор. Во приватниот сектор, луѓето не можат да работат од дома, како што е случајот со работници во супермаркети, занаетчии или логистика. Ова создава „двослојна работна сила“ каде јавниот сектор ужива привилегии додека приватниот сектор се мачи да плаќа даноци за нивно финансирање.

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Продажни асистенти
Возач на автобус и минибус
Магационер - Скопје
Раководител на експозитура Скопје
Дипломиран Фармацевт - Стручен соработник

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

МВР потсетува за крајниот рок за промена на возачките со старото уставно име

Од 1 јануари повеќе нема да важат возачките дозволи со старото уставно име

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

Сите граѓани, се наведува во денешното соопштение од МВР, кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви.

Промовирани огласи »

Еден ден во Тинекс!

Искуси како е да се биде дел од големото семејство на Тинекс!

Тинекс е првата компанија во Македонија што ја нуди оваа можност за своите потенцијални кандидати! Доколку сакате да бидете дел од големото Тинекс семејство, јавете се на 072 256 438

Тагови: Tinex

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »