Дипломиран Фармацевт - Стручен соработник

За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме во обаласта на фармацијата. Стекнавме големо искуство и реноме во оваа област. Нашата основна дејност... повеќе за компанијата »

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник

Ве покануваме да работите за најголемиот светски бренд, ЕСИ – додатоци во исхраната. ЕСИ е златен стандард за хербални производи кај нас и во светот. Во Македонија е присутен од 2003 година и е етаблиран како БРЕНД БРОЈ 1 за додатоци во исхраната. Наши најпродавани производи се ДРИМО, ГИНКГОМАКС, НО ДОЛ, ПРОПОЛГОЛА спреј како дел од една широка, богата и исклучително квалитетна палета на производи.

МЕДИКУС дооел Скопје е ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија. Вработуваме три (3) Стручни соработници (м/ж) – дипломирани фармацевти, со или без искуство.

Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
  • Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Комуникациски и презентациски вештини
  • Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски

Целта е промовирање на производите на ЕСИ срл од Италија, производител на додатоци во исхраната – хербални производи, корисни за добросотојба на здравјето.

Одговорности:

  • Спроведување на предвидените маркетинг активности со посета на лекари и фармацевти со цел промоција, презентација и продажба на производите од ЕСИ
  • Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи
  • Поднесување на писмени извештаи за извршените посети
  • Остварување на предвидениот план за продажба

Се работи на територија на цела Македонија. Локацијата на седиштето е во Ѓорче Петров.

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Привлечна почетна плата и брзо напредување
  • Обука под надзор на ментор
  • Редовна исплата на К-15
  • Службено возило за потребите на работата
  • Спонзорство за полагање на државен испит (по желба на кандидатот, не е обврска)
  • Патување во Италија за најуспешните вработени
  • Бонуси за успешно работење

За аплицирање на конкурсот потребно е да испратите:

  • Резиме (кратка биографија) со фотографија,
  • Мотивациско писмо,
  • Уверение за завршено соодветно образование, како и
  • Копија од возачка дозвола

На [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 20.12.2024 година.

Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат условите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »