Промовирани огласи »

Шефовите кои потпишале долгорочни договори за изнајмување на канцеларии пред пандемијата се сè повеќе фрустрирани од празните бироа за кои мора да плаќаат – што е значаен фактор за нивните политики за враќање на работа во канцеларија (RTO). Според извештајот од Resume.org, една третина од компаниите изјавиле дека договорите за изнајмување се клучен мотиватор за RTO политиките, а повеќе од половина од лидерите кои изнајмуваат канцеларии велат дека тоа е главниот двигател на нивните одлуки.

Речиси половина од компаниите кои изнајмуваат канцеларии имаат договори што траат најмалку до 2028 година. Околу 10% од нив планираат целосно да ги укинат обврзувачките RTO политики откако ќе истечат договорите, додека околу една четвртина изјавиле дека ќе го намалат изнајмениот простор при обновување на договорите. Проблемот не е практичен, туку емоционален – празните канцеларии кај многу шефови предизвикуваат чувство дека парите се потрошени залудно.

Илон Маск е еден од најгласните поддржувачи на враќање во канцелариите, тврдејќи дека работењето од дома е само „претварање дека се работи“. Тој воведе строги правила за работа во канцеларија и го критикуваше трошокот за празните државни згради. Според него, недостатокот на присуство во канцелариите го чини федералниот буџет трилиони долари, иако оваа бројка е оспорена од експертите.

Промовирани огласи »

Основач и сопственик на фирмата „Унипромет“ од Чачак, Милисав Новичиќ која вработува 660 луѓе, решил да ги „почести“ работниците со најдолг стаж и им подарил осум нови автомобили „Рено“, на 35-годишнината од постоењето на компанијата, јавуваат српските медиуми.

Искрено, не се контролирав. Не ме интересираше што се случува со другите. Не ме интересираше ниту политиката, секогаш ги гледав моите деца, работниците и „Унипромет“. Овие работници се лојални, најдобри и ќе бидат најдобри, сигурно. И порано работниците добиваа заеми за куќи и станови, отсекогаш негував клима да ги задоволам сите, за да не може ниту еден работник да ми каже дека се расфрлам додека нивните деца гладуваат, изјави Новичиќ, чијашто компанија произведува заштитни огради и панели против бучава за автопатишта.

Имав автомобил пред ова. Поради некои околности, ден пред да го добијам автомобилот, го удри камион и го скрши лимот во задниот дел. Ова беше изненадување за мене на денот на прославата, не знаев ништо за ова, изјави инженерот Будимир Ќуковиќ, кој е еден од работниците кои добиле автомобили од фирмата.

Тој го привлече вниманието на јавноста уште кога им нудеше на работниците сами да си ја внесат висината на платата. Исто така, компанијата им помогнала на многу свои работници нудејќи им бескаматни заеми за куќи и станови.

Почнав да работам овде во 1994 година, бев меѓу првите седуммина вработени. Да бидам искрен, шефот најмногу ме чуваше досега – ние сме како едно семејство. Сите заедно растевме, тој секогаш беше тука за нас, како вистински хуманист. Можеби можев да најдам друга работа, но неговата доверба и визија ме задржаа. И по 30 години, имам нов автомобил“, вели готвачката во „Унипромет, Љиљана Тица.

Погледнете ја целата приказна за Милисав Новичиќ, неговата компанија и работниците, во епизода од емисијата „Квадратура круга“ на српскиот јавен сервис РТС:

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со задоволство го најавува првиот настан за новата 2025 година како дел од големата кампања за ментално здравје која ја започнуваме уште сега на крајот на оваа година. Овојпат, фокусот е ставен на тимовите и улогата на нивното ментално здравје како приоритет за создавање здраво (опкружување) работна средина.

На 30 јануари 2025 во Скопје, ве покануваме на еднодневна работилница со две докажани експерти на овие популарни теми

  • Розалија Секулоска, магистер психолог и психотерапевт
  • Цветанка Штерјова Бурзевска, психолог и гешталт арт психотерапевт

Во текот на работилницата, ќе разговараме за стратегии како:

✔️ Човечноста да стане водечки принцип во секојдневната работа

✔️ Да изградите тим кој ќе биде отпорен на стрес

✔️ Да создадете динамика на работа базирана на разбирање и соработка а притоа да може да спроведувате и соодветни техники на наградување и казнување

✔️ Како полесно да успееме да ги пребродиме потешкотиите во нашиот кариерен ангажман без притоа силно да влијаат на нашите приватни животи?

И уште многу популарни теми на агендата за кои ретко зборуваме а секојдневно ни создаваат потешкотии во нормалнато функционирање!

Ставете го вашето ментално здравје и менталното здравје на вашиот тим во преден план!

Ова е настан кој ќе внесе позитивни промени – не само за вас, туку и за вашите колеги и тимови.

📍 Скопје
📅 30.01.2025

🎟️ Early Bird цена: 3.000 денари + ДДВ

📩 Обезбедете го вашето место ТУКА.

Не чекајте – направете го првиот чекор кон поддржувачка и посреќна средина! 🌱

Промовирани огласи »

виокомпанијата „Визер“ денеска објави дека почнува со продажба на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт.

Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска. Летовите почнат од 3 мај следната година за Барселона и ќе има летови секој вторник и сабота, на 1-ви мај почнуваат летовите за Лион секој вторник, четврток и сабота, додека летовите до Штутгарт ќе започнат да сообраќаат на 29-ти септември три пати неделно, во понеделник, среда и петок.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »