Промовирани огласи »

KARIERA.mk со задоволство го најавува првиот настан за новата 2025 година како дел од големата кампања за ментално здравје која ја започнуваме уште сега на крајот на оваа година. Овојпат, фокусот е ставен на тимовите и улогата на нивното ментално здравје како приоритет за создавање здраво (опкружување) работна средина.

На 30 јануари 2025 во Скопје, ве покануваме на еднодневна работилница со две докажани експерти на овие популарни теми

  • Розалија Секулоска, магистер психолог и психотерапевт
  • Цветанка Штерјова Бурзевска, психолог и гешталт арт психотерапевт

Во текот на работилницата, ќе разговараме за стратегии како:

✔️ Човечноста да стане водечки принцип во секојдневната работа

✔️ Да изградите тим кој ќе биде отпорен на стрес

✔️ Да создадете динамика на работа базирана на разбирање и соработка а притоа да може да спроведувате и соодветни техники на наградување и казнување

✔️ Како полесно да успееме да ги пребродиме потешкотиите во нашиот кариерен ангажман без притоа силно да влијаат на нашите приватни животи?

И уште многу популарни теми на агендата за кои ретко зборуваме а секојдневно ни создаваат потешкотии во нормалнато функционирање!

Ставете го вашето ментално здравје и менталното здравје на вашиот тим во преден план!

Ова е настан кој ќе внесе позитивни промени – не само за вас, туку и за вашите колеги и тимови.

📍 Скопје
📅 30.01.2025

🎟️ Early Bird цена: 3.000 денари + ДДВ

📩 Обезбедете го вашето место ТУКА.

Не чекајте – направете го првиот чекор кон поддржувачка и посреќна средина! 🌱

Промовирани огласи »

виокомпанијата „Визер“ денеска објави дека почнува со продажба на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт.

Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска. Летовите почнат од 3 мај следната година за Барселона и ќе има летови секој вторник и сабота, на 1-ви мај почнуваат летовите за Лион секој вторник, четврток и сабота, додека летовите до Штутгарт ќе започнат да сообраќаат на 29-ти септември три пати неделно, во понеделник, среда и петок.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Администратор во Филијала Битола
Административен работник за онлајн платформа - Deposithousemarket.com
Општ работник во производство
Магационер - Вилушкарист
Администратор во планирање

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Мотивацијата е клучен фактор за успешна работна средина и продуктивен тим. За да ги мотивирате вашите вработени, потребно е да го разберете нивното однесување, потреби и индивидуални цели.

Еве неколку стратегии кои можат да ви помогнат да го поттикнете нивниот ентузијазам и посветеност:

1. Препознајте го трудот и успехот

Вработените сакаат да чувствуваат дека нивната работа е ценета. Редовно пофалувајте ги за нивните достигнувања, без разлика дали станува збор за мал успех или голем проект. Може да организирате месечни признанија, да испратите благодарност преку е-маил или едноставно да кажете „браво“ лично.

2. Обезбедете јасни цели и очекувања

Вработените се помотивирани кога знаат што се очекува од нив и кога имаат јасно дефинирани цели. Постигнувањето на таквите цели им дава чувство на успех и прогрес.

3. Создадете пријатна работна атмосфера

Работната средина треба да биде место каде што вработените се чувствуваат удобно, поддржано и инспирирано. Обезбедете простор за комуникација, слушајте ги нивните идеи и осигурајте дека има позитивна енергија во тимот.

4. Инвестирајте во нивниот развој

Многу вработени се мотивирани кога чувствуваат дека растат во кариерата. Организирајте обуки, семинари и работилници, или понудете можности за напредување. Ова не само што ги мотивира, туку и ја зголемува нивната лојалност кон компанијата.

5. Обезбедете флексибилност

Доколку е можно, понудете флексибилно работно време или можност за работа од дома. Ова покажува дека ги цените нивните лични обврски и балансираниот живот, што значително ја зголемува мотивацијата.

6. Промовирајте тимска работа

Охрабрете ги вработените да соработуваат и да ги споделуваат своите идеи. Тимската работа создава чувство на заедништво, што може да биде моќен мотиватор.

7. Обезбедете фер награди

Покрај платата, понудете дополнителни бенефиции, како бонуси, здравствено осигурување или тимски активности. Мотивирани вработени се оние кои чувствуваат дека нивниот труд е соодветно награден.

8. Слушајте ги и вреднувајте ги нивните мислења

Создадете култура на отворена комуникација каде што вработените ќе можат слободно да ги изразат своите идеи, предлози или загрижености. Кога ќе видат дека нивното мислење е важно, ќе бидат повеќе вложени во работата.

9. Бидете добар лидер

Како лидер, вашиот став, енергија и пристап директно влијаат врз мотивацијата на тимот. Водете со пример, покажете почит и бидете достапни за вашите вработени.

Мотивацијата на вработените е процес кој бара континуирана работа и внимание. Кога ќе ги мотивирате вашите вработени на вистински начин, не само што ќе ги зголемите нивната продуктивност и лојалност, туку и ќе создадете силна и позитивна работна култура.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »