За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Администратор во Филијала Битола
- Работите да ги обавува совесно, навремено и квалитетно, почитувајќи ја организацијата на работата и деловната активност на работодавачот;
- Да го почитува Правилникот за задолжување, користење, раздолжување и администрирање на полиси во строга евиденција, како и општите и поединечните акти, наредби, упатства и одлуки на работодавачот, органите на управување и непосредниот раководител;
- По примање на задолжените полиси врши понатамошна распределба /презадолжување и тоа само на вработени во Подружницата и кои поседуваат овластување за користење на истите, како и понатамошното презадолжување задолжително го евидентира и во апликацијата од софтверското решение на Друштвото;
- Поднесува уредно Барање до вработените задолжени за администрирање полиси во ГД за потребата за обрасци (полиси) за Подружницата каде што е вработен, во рок не подолг од 15 дена пред денот кога ќе оцени дека ќе има недостаток од одреден вид на образец и согласно утврдена форма на задолжница;
- Ги прима (раздолжува) и физички ги контролира сите употребени полиси (продадени, откажани, дупликат, оштетени) од продавачите, вработени во Подружницата и за истите подготвува Извештај со забелешки за секој утврден недостаток кој го доставува до одговорните за строга евиденција во Дирекција;
- Обврзан е да бара од продавачите, раздолжување на полисите најдоцна во рок од 2 дена од денот кога е издадена полисата;
- Обврзан е да проверува дали раздолжените полиси се доставени заедно со сите пропратни документи со кои се утврдува наплатената премија (анекс на полиса, спецификации, каса-прими, фискална сметка, слипови, вирман и др.) и доколку се утврди некој недостакот да побара од продавачот комплетирање на истите најдоцна во рок од 2 дена од денот на раздолжувањето;
- Доколку продавачот во рок од 2 дена не ја комплетира пропратната документација писмено ги известува одговорните за администрирање на полиси во Дирекција и спорните полиси во утврдениот рок ги раздолжува во дирекција;
- Доколу утврди дека одреден продавач има голем број на неискористени или нераздолжени полиси, администраторот не смее да го задолжи работникот со други полиси без претходно писмено одобрение од страна на одговорните за администрирање на полиси;
- Подготвува фактури и спецификации во случај кога не е можна терминалска трансакција при наплата со кредитна картичка;
- Изготвува и издава каса-прими и касов извештај за наплата;
- Најмалку еднаш месечно организира состаноци со Подружницата, со цел анализирање на активноста во тој месец, како и определување на обврски за во иднина и за истото известува во Дирекција.
- Ги употребува и се грижи за исправноста и функционирањето на целокупниот инвентар во Подружницата, техничката и компјутерската опрема, фискална опрема и останат работен материјал;
- Дава извештај во дирекција за сите проблеми кои што произлегуваат од тековното работење, како и периодично го информира Управниот одбор во врска со напредокот на работењето и проблемите произлезени од работата истовремено давајќи предлози за нивно решавање;
- Обезбедува административна поддршка на работењето на филијалата, вклучувајќи подготовка на документација, координација на процеси и одржување на ефикасна комуникација меѓу вработените;
- Промовира и продава осигурителни производи, активно учествувајќи во продажни активности и зголемување на пазарниот дел;
- Одржува континуиран контакт со клиенти и им нуди советување, објаснувајќи им различни осигурителни опции и помагајќи им да донесат информирани одлуки;
- Врши и други работи на барање на претпоставените лица.
Потребни квалификации и карактеристики:
- Завршено најмалку средно образование (високо образование е предност);
- Добри комуникациски и продажни вештини;
- Основно познавање на MS Office (Word, Excel, Microsoft Outlook);
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на Турски или Албански јазик се смета за предност;
- Предност ќе имаат кандидатите со искуство во продажба или осигурителниот сектор.
- Способност за тимска работа;
- Преземање на инцијатива и позитивен пристап кон работните обврски.
Бенефиции:
- Приватно здравствено осигурување;
- Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
- Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Оглас за вработување на “Администратор во Филијала Битола”.
Со доставувањето на вашата апликација, потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »