Промовирани огласи »

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Сметководител
Продажен персонал - оптометрист
Агент за техничка поддршка
Junior Telesales Agent
Градежен инженер

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Рамстор Македонија е ланец од 29 маркети и еден онлајн маркет „Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Моментално вработува:

Продажен персонал - Водно
Продавач на деликатес - Охрид
Продавач на деликатес - Карпош
Продавач на месо, деликатес и риба - Сити мол
Продажен персонал - City Mall

Останатите отворени работни позиции од Рамстор можете да ги најдете ТУКА.

Доколку сте се уште во потрага по идеалната работна позиција, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Претседателот на регулаторната комисија за енергетика,Марко Бислимовски, денеска објави дека крајната цена за домаќинствата од страна на универзалниот снабдувач од 1 јануари 2025 ќе се зголеми минимално за 0,92 отсто.

Како што ветивме, просечната цена за домаќинствата се зголемува за 0,92 проценти. Тоа значи дека просечната сметка на едно домаќинство од 1 јануари 2025 ќе се зголеми за само 22 денари, рече Бислимовски.

Струјата ќе поскапи минимално во сите четири тарифни блокови, а исто така минимално поскапува и таканаречената „евтина тарифа“ од 4,08 на 4,12 денари за киловатчас енергија.

Претходно ЕСМ ја зголеми цената на струјата што му ја предава во 2025 на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме од 60 евра на 62 евра за мегаватчас. 

Енигма останува како следната година ЕСМ со оваа цена ќе ги покрива огромните трошоци во своето работење.

Промовирани огласи »

Секојдневната работа носи различни предизвици – од кратки рокови и конфликти со колеги, до справување со стрес или решавање на сложени задачи. За да ги надминете успешно овие ситуации, потребно е да се применат ефективни стратегии.

Еве 7 совети кои ќе ви помогнат да се справите со работните предизвици:

1. Идентификувајте го коренот на проблемот

За да го решите предизвикот, прво мора да разберете што го предизвикува. Дали е тоа недостаток на време, недоволна комуникација или несоодветни ресурси? Кога ќе го лоцирате проблемот, ќе можете поефикасно да пристапите кон негово решавање.

2. Поставете приоритети

Не сите задачи имаат иста тежина. Направете листа на обврски и организирајте ги според важноста и итноста. Концентрирајте се прво на клучните задачи и елиминирајте ги одвлекувањата кои ви ја намалуваат продуктивноста.

3. Одржувајте смиреност

Стресот може да ја замагли вашата способност за решавање на проблеми. Кога се соочувате со предизвик, земете кратка пауза, дишете длабоко и пристапете кон ситуацијата со смирен ум. Релаксираноста често носи јасност и ефективност.

4. Комуницирајте отворено

Доколку предизвикот вклучува тимска работа или несогласувања со колеги, отворената комуникација е клучна. Искрено и професионално изразете ги вашите ставови, но и сослушајте ги другите. Понекогаш, решение може да дојде од гледна точка што не сте ја забележале.

5. Побарајте помош кога е потребно

Не се обидувајте да ги решите сите проблеми сами. Ако нешто ви е тешко, консултирајте се со колега, менаџер или експерт во полето. Понекогаш, барањето помош е најпаметниот начин за надминување на пречките.

6. Бидете флексибилни и отворени за промени

Предизвиците на работа често бараат да размислувате надвор од стандардните рамки. Бидете подготвени да ги прилагодите вашите планови или пристап, доколку ситуацијата бара тоа. Флексибилноста е клучна во динамично опкружување.

7. Учете од искуствата

Секој предизвик е можност за раст и развој. По завршување на одредена тешка задача, одвојте време да размислите што научивте и како можете да ги примените тие сознанија во иднина.

Предизвиците на работа се неизбежен дел од професионалниот живот, но тие можат да бидат и шанса за личен и кариерен напредок. Со правилен пристап, организација и смиреност, секој проблем може да се трансформира во победа која ќе ве зајакне и инспирира.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »