Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моментално вработува:

АГЕНТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
JUNIOR TELESALES AGENT

ПРОДАЖЕН АГЕНТ – СКОПЈЕ
АГЕНТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА - АЛБАНСКИ ЈАЗИК
АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР - АЛБАНСКИ ЈАЗИК
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА - СКОПЈЕ

Магнетик е основана во 1992 година и денеска е лидер во дистрибуцијата и малопродажбата на текстилни производи. Компанијата денес ги има ексклузивните права на дистрибуција и продажба на Weekend Max Mara, Marella, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Paul&Shark, Gerry Weber, Yamamay, Carpisa, Oltre, Motivi и Fiorella Rubino во Македонија.

Моментално вработува:

ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ

Сетек сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години.

Моментално враборува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП
МАГАЦИОНЕР ПИКЕР ВО СКОПЈЕ

РЕФЕРЕФТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач за автомобилската индустрија, посветен на обезбедување нови мобилни решенија и технологии.

Моментално вработува:

PLC SPECIALIST

ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

Моментално вработува:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ЧАИР
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛИ СКОПЈЕ

Алма-М е дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) – СКОПЈЕ
МЕНАЏЕР НА ПРАВНА СЛУЖБА

Макстил е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ИНЖЕНЕР МЕТАЛУРГ
ЛЕАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРИЧАР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024.


Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31.12.2024 год, појаснуваат од МВР. 

Налепници НМК граѓаните може да обезбедат во сите станици за технички преглед.

Промовирани огласи »

Во професионалниот свет, многу совети се повторуваат – „работете напорно“, „бидете точни“ или „секогаш учете нешто ново“. Но, постојат и помалку познати совети кои можат да направат огромна разлика во вашиот кариерен развој.

Еве 8 совети кои ретко ќе ги слушнете, но се исклучително важни:

1. Не бидете „перфекционист“, бидете „финишер“

Додека перфекционизмот може да ве задржи во детали, вештината да ги завршите задачите е многу поважна. Работодавците повеќе ценат некој кој испорачува резултати на време, отколку некој кој го „усовршува“ проектот бесконечно.

2. Вашата мрежа е поважна од вашето CV

Додека доброто CV е важно, професионалните контакти се оние кои најчесто ќе ви донесат нови можности. Инвестирајте во градење односи со колеги, ментори и индустриски лидери. Често, „познавам вистинска личност“ вреди повеќе од „имам вистинска квалификација“.

3. Унапредувањето не доаѓа само со напорна работа

Напорната работа е основа, но унапредувањето бара и видливост. Не плашете се да зборувате за вашите достигнувања и да покажете како придонесувате за успехот на компанијата. Скромноста е доблест, но прекумерната скромност може да ве чини шанси.

4. Соочувајте се со проблемите, не бегајте од нив

Кога ќе се соочите со сложен проект или проблем, не плашете се да го преземете. Луѓето кои решаваат проблеми се оние кои се издвојуваат и се сметаат за лидери. Наместо да избегнувате предизвици, прегрнете ги како можност за докажување.

5. Учете „меки“ вештини, не само технички

Многумина се фокусираат на технички вештини, но емоционалната интелигенција, комуникацијата и лидерството се клучни за напредок. Вашата способност да изградите односи, да водите тим и да решавате конфликти ќе ве однесе многу подалеку отколку само техничката експертиза.

6. Одете таму каде што растат индустриите

Секогаш обрнувајте внимание на тоа кои индустрии или сектори забрзано растат. Ако вашата сегашна професија нема перспектива за иднина, размислете за преквалификација или премин во област која ветува. Бидете проактивни, наместо да чекате трендовите да ве надминат.

7. Кажете „не“ кога е потребно

Не можете да постигнете сè ако прифаќате секоја задача или проект. Учете да кажете „не“ на работи кои не се приоритет или не се во ваша надлежност. Ова ќе ви помогне да се фокусирате на важните аспекти од вашата работа и да избегнете исцрпување.

8. Промената е нормална – планирајте 

Ниту една кариера не е целосно линеарна. Може да се случи да бидете отпуштени, да смените индустрија или да одлучите сами да го смените курсот. Ова е сосема нормално. Наместо да се плашите од промени, планирајте ги – заштедувајте, учете нови вештини и бидете подготвени за нови почетоци.

Кариерата не е само напредување од една позиција до друга – тоа е процес кој бара стратешко размислување, флексибилност и проактивност. Овие помалку очигледни совети можат да ви помогнат да се издвоите, да ги надминете предизвиците и да изградите професионален пат кој е исполнет со успеси.

Промовирани огласи »

Како и секоја година, објавено е рангирањето на најмоќните пасоши за 2024 година, а Обединетите Арапски Емирати четврти пат по ред се на првото место.

Македонскиот пасош е на средината на листата, а ако се спореди со земјите од Балканот кои не се членки на ЕУ, нашиот пасош е зад српскиот, а пред албанскиот, турскиот, косовскиот, и оние на БиХ и Црна Гора. Пасошите на Грција, Бугарија и Хрватска се далеку повисоко рангирани.

Овој глобален индекс го мери бројот на земји во кои граѓаните можат да патуваат без виза, а граѓаните на ОАЕ имаат пристап до импресивни 133 земји без визи и дополнителни 47 земји со виза по пристигнувањето, што покрива повеќе од 90 отсто од светот.

Шпанија ја престигна Германија и стана втор најмоќен пасош, додека Финска забележа раст и го зазеде третото место заедно со Франција, Германија, Белгија, Италија, Данска, Холандија, Луксембург, Австрија, Португалија, Норвешка, Швајцарија, Грција и Ирска.

Четвртото место го делат Шведска, Полска и Унгарија, а петти се Чешка, Јужна Кореја, Естонија, Хрватска и Словачка.

На шестото место се Јапонија, Словенија, Летонија, Нов Зеланд и Лихтенштајн.

На седмото место се Сингапур, Малта, Обединетото Кралство, Канада, Литванија, Романија, Бугарија и Австралија.

Пасошот на Македонија заедно со Ел Салвадор, Гватемала и Таиван е на 34. место.

Најмоќните пасоши за 2024 година:

1. Обединети Арапски Емирати

2. Шпанија

3. Финска, Франција, Германија, Белгија, Италија, Данска, Холандија, Луксембург, Австрија, Португалија, Норвешка, Швајцарија, Грција, Ирска

4. Шведска, Полска, Унгарија

5. Чешка, Јужна Кореја, Естонија, Хрватска, Словачка

6. Јапонија, Словенија, Латвија, Нов Зеланд, Лихтенштајн

7. Сингапур, Малта, Обединетото Кралство, Канада, Литванија, Романија, Бугарија, Австралија

8. САД и Исланд

9. Кипар

10. Малезија и Монако 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »