Промовирани огласи »

Нова година со успех и благодарност: Алфи Би Компани ја завршува годината со 100% успешни резултати!

Алфи Би Компани ја заврши 2024 година со 100% успешност, постигнување на кое сме горди и благодарни на сите наши вработени. – Изјави Генералниот Директор Гоце Серафимовски

На 22.12.2024, во ресторанот "Caruso" во Куманово, се одржа незаборавна новогодишна прослава, на која сите вработени беа дел од еден посебен момент.

Прославата беше исполнета со радост, музика и топла атмосфера, а како изненадување за вработените, беше организиран огномет што ја осветли вечерта и ја направи уште по специјална. За музичкиот дел беше задолжен еден од најдобрите кумановски бендови “Тhe Solution". Исто така, забавата за вработените беше збогатена со Photo Booth, од кои вработените добија персонализирани лични слики, како и Spin360, видеа со кои допонително вработените уживаа и се забавуваа. Управниот одбор на компанијата изразува голема благодарност до вработените кои се вклучија во процесот на организацијата на оваа прослава, како и до водителот Марко Новески кој несебично ја дава поддршката на компанијата.

Дополнително, на овој настан беа доделени награди за колегите кои прославија значајни јубилеи во текот на годината. Јубилејни награди добија 20 вработени, кои се дел од Алфи Би Компани повеќе од 5 години. Специјални награди добија вработените со работен стаж од 15, 20 и 30 години и истите беа наградени со специјална награда „инвестициско злато“. Но, и најмладите вработени не изостануваат од награди, беше доделена и награда за „Најмлад вработен“.Ова беше наш начин да се изрази благодарноста за придонес и посветеност на секој вработен.

Секој успех на Алфи Би Компани е резултат на тимската работа и заедничкиот труд на сите вработени. Ние веруваме дека вработените се најважниот ресурс на компанијата и дека нивната поддршка и посветеност се клучни за секој постигнат успех.

Со нетрпение ја очекуваме новата 2025 година, која ќе биде полна со нови предизвици, но и нови успеси, благодарение на сите наши вредни вработени.

Алфи Би Компани е компанија која негува вредности на тимска работа, грижа за луѓето и посветеност кон постигнување на највисоки резултати.

Среќна Нова година и многу успех за сите! 🎉

Промовирани огласи »

Претпразничниот период може да биде предизвик кога станува збор за одржување на мотивацијата на работа. Со празничниот дух во воздухот, често е тешко да се фокусирате на задачите и да ја задржите продуктивноста.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да останете мотивирани и да ги завршите обврските со успех:

1. Поставете јасни цели

Во период кога одвлекувањата се многубројни, поставувањето на краткорочни и јасни цели може да ви помогне да останете фокусирани. Направете список на приоритетни задачи и работете чекор по чекор.

2. Создадете празнична атмосфера на работа

Украсете го вашето работно место со празнични декорации или слушајте нежна празнична музика. Ова ќе ви го подигне расположението и ќе го направи работниот ден пријатен.

3. Планирајте награди за завршени задачи

Мотивирајте се со мали награди – на пример, пауза за кафе, омилен десерт или кратка прошетка по завршување на важна задача.

4. Задржете рамнотежа помеѓу работа и празнични активности

Не заборавајте да си дозволите време за празнични подготовки и дружења. Добро организираниот распоред ќе ви помогне да балансирате помеѓу обврските и уживањето.

5. Потсетете се на вашата улога

Запомнете дека секој завршен проект е чекор напред кон личен и професионален успех. Позитивната перспектива ќе ве мотивира да ја завршите годината на најдобар можен начин.

6. Побарајте поддршка од колегите

Споделувањето на задачи и поддршката од колегите може да го олеснат товарот. Тимскиот дух често го подобрува расположението и продуктивноста.

Претпразничниот период не мора да биде стресен. Со правилна организација и позитивен пристап, ќе успеете да останете мотивирани и да го завршите работниот период со чувство на постигнатост.

Промовирани огласи »

Најдобриот начин за справување со нарцисоидни личности во личниот живот е да ги идентификувате рано и да ги отстраните од вашиот живот, според психологот Ејми Брунел од Универзитетот Охајо. Нарцисите често се шармантни на почетокот, но покажуваат суптилни знаци како недостаток на емпатија, постојана потреба за внимание и манипулативни тактики како "бомбардирање со љубов". Брунел препорачува да се обрнува внимание на овие знаци и да се излезе од таквите односи навреме.

За оние кои се веќе во долгорочни односи со нарциси, истражувањата покажуваат дека тие можат да развијат емпатија и да покажат позитивни промени, но не е познато колку долго траат овие ефекти или дали се одржливи надвор од лабораториски услови. На пример, поттикнување нарцисите да размислат за туѓата перспектива или да се сетат на моменти кога покажале грижа за другите може да има позитивно влијание, иако не е загарантирано.

На работното место, нарцисоидните шефови често се агресивни, доминираат со ресурсите и ја потценуваат работата на другите. Во такви ситуации, најдобро е да се користат формални механизми како програми за помош на вработените и одделите за човечки ресурси. Ако тоа не е возможно, поставувањето јасни граници или промена на работното место може да биде најдобро решение. И покрај големото количество истражувања, сè уште нема доволно податоци за најдобрите практики за справување со нарциси во секојдневниот живот.

Промовирани огласи »

Главната причина за прекинот на поддршката се напредните функции и опции на поновите верзии на WhatsApp, кои бараат помодерен и напреден хардвер, кој старите телефони – се разбира – го немаат.

Мета, сопственикот на најпопуларната апликација за разговор во светот, одлучи да престане да поддржува WhatsApp на голем број постари паметни телефони со Android. Станува збор за уреди стари повеќе од 10 години кои сè уште го користат единаесеттото издание на оперативниот систем на Google, познат како KitKat.

Сопствениците на уреди кои сè уште ја користат таа верзија на оперативниот систем, или уште постара од него, веќе нема да можат да ја користат апликацијата WhatsApp од 1 јануари 2025 година.

Причината за прекин на поддршката се значително подобрените функции и опции на поновите верзии на WhatsApp кои постојано се развиваат. Мета често ја подобрува апликацијата и имплементира попребирливи функции, кои сè повеќе се засноваат на вештачка интелигенција.

Сето ова, секако, бара помодерен и понапреден хардвер, кој паметните телефони од пред една деценија, се разбира, го немаат. Телефоните кои остануваат без поддршка за WhatsApp се:

  • Samsung: Galaxy S3, Galaxy Note 2, Galaxy Ace 3, Galaxy S4 Mini.
  • Моторола: Moto G (1-ва генерација) Razr HD, Moto E (2014).
  • LG: Optimus G, Nexus 4, G2 Mini, L90.
  • Sony: Xperia Z, Xperia SP, Xperia T, Xperia V.
  • HTC: One X, One X+, Desire 500, Desire 601.

Ако сè уште користите еден од овие уреди на дневна основа, треба да направите резервна копија од сите ваши податоци на WhatsApp на понов уред во наредните денови, до крајот на оваа година. Во спротивно, сите ваши пораки, податоци, историја на разговори и мултимедија складирани во апликацијата WhatsApp ќе исчезнат по 1 јануари 2025 година.

Пред неколку месеци, Мета најави сличен потег за уредите со iPhone, со што ја прекина поддршката за сите телефони кои користат оперативен систем iOS постар од верзијата 15.1. Сепак, компанијата ќе ја одржи поддршката за овие телефони до мај 2025 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »