Бенџамин Франклин еднаш рекол: „Инвестицијата во образование враќа најголем профит.“ Поминаа години, но неговите зборови денес се порелевантни од кога било. Со постојаните промени на пазарот на трудот, клучот за да останете успешни и да ги дочекувате секогаш спремни тие промени, е постојаното учење. Ако се соочувате со застој во кариерата или се чувствувате заглавени во сегашната позиција, време е да се разбудите и да го смените патот по кој одите. Зошто стагнација во напредувањето е всушност пропаѓање.
Со чувството за стагнацијата во кариерата се соочуваат многу професионалци. Дали е тоа заради ограничените можности за напредување на вашата сегашна позиција; или се соочувате со недостаток на мотивација; или не сте решителни кој би требало да биде вашиот следен чекор, решението најчесто се крие во стекнувањето на нови знаења и способности. Постојаното учење не е само изветвена фраза – тоа е најбрзиот начин да ја унапредите кариерата и да си обезбедите успех. Еве како можете да започнете:
1. Направете проценка кон што би се стремеле во иднина и кои способности ви недостасуваат за тие цели да ги постигнете
Размислете каде сакате да бидете за пет години? И кои знаења или способности се потребни за остварување на тој ваш сон? Кога тоа ќе го сознаете, ќе направите план како да го премостите јазот. При тоа не заборавете: покажувањето иницијатива, мотивација и желба за напредување, не само што ќе го привлече вниманието на вашиот сегашен работодавец, туку ќе ве претстави и како можен кандидат за некои надворешни можности за ваше напредување.
2. Посетувајте обуки и стекнувајте сертификати
Без разлика дали започнувате нова кариера, посакувате унапредување или се префрлате во друга област, запишувањето на професионални курсеви може многу да придонесе. Работодавците ги ценат луѓето кои се проактивни во својот развој. Во LEORON Institute сме сведоци како обуките и стекнатите сертификати им отвораат нови врати на многу професионалци. Нашето искуство се темели на преку 50,000 професионалци од светот, кои секоја година нам ни ја доверуваат својата обука а чии што, подоцнежни, резултати говорат сами за себе.
3. Искористете го учењето за сопствено унапредување
Завршената обука не е само додавање на уште една цртичка во вашето резиме. Наученото на обуката, неминовно го трансформира начинот на кој размислувате, работите и придонесувате, воопшто. Со вашите нови знаења и способности, стекнувате статус на вреден човечки ресурс за вашата организација. А ако вашата сегашна компанија не го препознае тој ваш потенцијал, бидете убедени дека ќе има некоја друга компанија која ќе знае да ја цени вашата новостекната стручност.
Докажана формула за успех
Во изминатите 14 години LEORON Institute прерасна во водечка организација за учење и развој во светот. Нашите сертифицирани програми и еминентни предавачи, им помогнаа на безброј професионалци да ги остварат своите кариерни соништа и да се искачат на раководни позиции. А нашата деловна стратегија – која ја вмрежува канцеларии во Ријад, Дубаи, Скопје, Абу Даби, Мускат, Кувајт, Каиро, Манчестер и новите планирани локации – сведочи за силата и постојаното растење.
На своите работни места, нашите вработени, имаат пристап до илјадници е-училишни платформи, сертификациски програми и внатрешни можности за развој. Не е изненадување што нашиот тим од над 300 млади, амбициозни професионалци низ светот, постигна значајни успеси и во рамки на LEORON и надвор од него. Со новите канцеларии во Штип и Гостивар, продолжуваме да ги прошируваме можностите за раст и развој и низ Македонија.
Вашиот следен чекор
Па, што е следно што ќе превземете? Без разлика дали сте подготвени да започнете нова кариера, да барате унапредување или едноставно да ја подобрите вашата сегашна позиција, инвестирањето во вашиот развој е вистинскиот пат напред. Исчекорете напред, истражете го вашиот потенцијал и заземете водечка позиција во вашата област.
Ако сте заинтересирани како LEORON Institute може да ви помогне на овој пат, посетете ја нашата веб-страница за да дознаете повеќе за нашите програми или погледнете ги нашите најнови отворени работни места. Запомнете, вашиот напредокот во кариерата не е само достигнување на врвот – туку постојаното движење напред.
А најдоброто време за почеток? Токму сега!
Ви посакувам среќна и успешна 2025та година!
Ѓорѓи Груевски
VP Strategic Operations - LEORON