Промовирани огласи »

Огласи за работа во Велес!

Најновите огласи за работа во Велес!

Велес, како еден од позначајните индустриски центри во Македонија, нуди разновидни можности за вработување во различни сектори. Компаниите во градот често бараат квалификуван кадар, но исто така има и огласи за почетни работни позиции кои не бараат претходно работно искуство, што е идеално за младите кои штотуку го започнуваат своето кариерно патување.

Со огласите достапни онлајн, кандидатите можат да добијат информации за различни позиции, потребните квалификации, и условите на работа во компаниите од Велес.

Доколку го барате своето работно место во Велес може да аплицирате за следниве позиции:

Оператор за контрола на квалитет - Велес
Помошник во кујна
Продажен асистент Велес

Останатите огласи од Велес можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Охрид!

Промовирани огласи »

Која е идеалната температура во канцеларија за подобра продуктивност?

Воздухот во канцеларијата влијае повеќе отколку што мислите!

Современиот човек поголемиот дел од денот го поминува во затворени простории, без разлика дали станува збор за домот или работното место. Токму затоа, квалитетот на воздухот и условите во просторијата имаат големо влијание врз здравјето, продуктивноста и општото чувство на удобност.

Температурата на воздухот е еден од најважните фактори што влијаат врз тоа како се чувствуваме во затворен простор. Освен температурата, значајна улога имаат и релативната влажност на воздухот, како и неговото движење. Доколку овие параметри не се во рамнотежа, може да се појават непријатности како замор, намалена концентрација, сувост на дишните патишта и чувство на неудобност.

Еден од честите проблеми во канцелариите е прекумерното загревање на воздухот, што доведува до намалување на релативната влажност. Сувиот воздух може да предизвика иритација на слузокожата, суви очи и намалена природна заштита на организмот од прашина и микроорганизми.

Од друга страна, прекумерната влажност исто така не е пожелна. Таа создава услови за развој на мувла, бактерии и други микроорганизми кои можат негативно да влијаат врз здравјето и квалитетот на воздухот.

Експертите препорачуваат температурата во канцелариските простории да биде околу 21°C, додека релативната влажност да се движи помеѓу 38% и 50%. Овие услови овозможуваат пријатна работна средина, подобра концентрација и поголема удобност во текот на денот.

Создавањето здрава работна средина не зависи само од мебелот и организацијата на просторот. Соодветната температура и оптималната влажност на воздухот се клучни фактори за здравје, комфор и продуктивност на вработените.

Тагови: канцеларија продуктивност температура

Промовирани огласи »

Цените на мало во мај 2026 година, во споредба со мај 2025 година, се зголемени за 5,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем годишен раст има кај земјоделските производи, кои во мај годинава биле поскапи за 6,7 отсто во споредба со истиот месец лани. Услугите бележат раст од 6 проценти, а стоките се зголемени за 5,4 отсто.

Кај прехранбените производи, кои се најдиректно поврзани со секојдневните трошоци на граѓаните, годишното поскапување изнесува 4,2 проценти. Индустриско-прехранбените производи се зголемени за 3,4 отсто, додека пијалаците, алкохолни и безалкохолни, бележат раст од 1,3 проценти.

Индустриските производи во мај годинава се поскапи за 5,3 отсто во споредба со мај 2025 година. Кај непрехранбените индустриски производи и тутунот растот е повисок и изнесува 6,4 проценти.

Само во однос на април годинава, најголем скок има кај земјоделските производи, за 4,4 отсто. Прехранбените производи поскапеле за 1,3 проценти, услугите за 1,5 отсто, а стоките за 0,6 проценти.

Од почетокот на годината до мај, цените на мало се зголемени за 3,4 отсто во споредба со истиот период лани. Најголем раст во првите пет месеци има кај земјоделските производи од 5,3 проценти, кај прехранбените производи од 5,2 отсто и кај индустриско-прехранбените производи од 5,1 процент.

Иако главниот показател во оваа анализа се цените на мало, силен притисок врз животните трошоци покажува и транспортот. Во мај 2026 година, транспортот е поскап за 11 отсто во споредба со мај минатата година, што го прави една од категориите со најизразен годишен раст.

Тагови: Државниот завод за статистика (ДЗС) маркети цени

Промовирани огласи »

Бензините од полноќ поевтини - Како „стои“ дизелот со цената?

Регулаторна со нов ценовник!

Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат, а на дизелот ќе се зголеми, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 47,297 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 денари за килограм и сега ќе изнесува 47,297 денари. 

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »