Студијата е направена врз 27 000 луѓе од 190 земји, кои работат во странски држави. Меѓу критериумите биле пристапноста до работата, можноста за издржување на семејството, приходите, начинот на живот, напредокот во кариерата, балансот работа-приватност, бонусите.
Видете кои земји спаѓаат во Топ 10:
10. Бахреин
Просечната годишна плата за странски специјалисти тука е 98 622 долари. 65% од работниците странци во земјата добиваат бонус плата, т.е. годишна можност да се вратат во својата татковина. 91% од вработените во Блискиот Исток велат дека договорите им вклучуваат различни бонуси, во просек 67% за целиот свет.
9. Британија
83 227 долари е просечната годишна плата за странските специјалисти. Земјата за прв пат паѓа во Топ 10 на ранг листата. Вработените странци признаваат дека добиваат повеќе нови знаења во споредба со нивната родна земја (64%) и напредокот во кариерата (62%).
8. Хонгконг
Тука просечната плата за странци е 169 756 долари годишно.
7. Австрија
Во Австрија просечниот годишен приход за странски специјалисти е 85 288 долари годишно. И таа како Велика Британија за прв пат паѓа во Топ 10.
6. Сингапур
Тука вработените странци добиваат 138 641 долари годишно. 30% од работниците тука странците сепак наведуваат дека нивниот животен стандард е влошен.
5. Норвешка
Просечниот приход на странски работник тука е 97 486 долари годишно.
4. ОАЕ
Приходот на вработените странци во Емиратите е 112 820 долари годишно. 56% добиваат бонус сместување, а 75% – здравствени бонуси.
3. Шведска
Тука просечната плата за година на специјалист од странска земја е 84 802 долари. Вработените тука посочуваат дека имаат одлични можности за работа.
2. Германија
Просечниот приход на странец во Германија е 97 693 долари годишно. Според 70% од работниците тука безбедноста на нивната работа е поголема отколку во родните земји.
1. Швајцарија
Тука може да добивате и 188 275 долари. Сумата е речиси најголемата во рангот, а за првото место придонесуваат и најдобриот баланс меѓу работата и личното време. Покрај тоа приходот тука е речиси двојно повеќе од просекот на странски специјалисти во светот, кој е 97 419 долари годишно.