Промовирани огласи »

Биткоинтот во последните неколку недели е во пораст, достигнувајќи во еден момент нов рекорд од 937,21 евро. Така од почетокот на годината вредноста на биткоинот двојно се зголеми во однос на еврото.

Дигиталната валута бележи и силен раст во однос на доларот, иако минатонеделната вредност од 977 долари се уште е под рекордните 1,132 долари од почетокот на декември во 2013 година.

Бидејќи на постоечките биткоини продолжуваат да се додаваат нови (приближно 12,5 на секои 10 минути), вкупната вредност го надминува нивото од 2013 година, кој е во износ од 16 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Од денеска француските компании мораат да гарантираат на нивните вработени „право да се дисконектираат“ од технологија, во обид на државата да се справи со модерниот начин на живот и проверување на мејлови надвор од работното време. Според новиот закон, кој стапува во сила, организациите со повеќе од 50 вработени ќе започнат преговори за да ги дефинираат правата на вработените да ги игнорираат нивните мобилни телефони.

Прекумерната употреба на технологијата се смета за виновна за многу проблеми – од премореност, до недостаток на сон, но и друштвени и љубовни проблеми, бидејќи голем број од вработените не се сигурни дали можат да ги игнорираат пораките кои им пристигаат по работното време.

Мерката има намера да се справи со таканаречената „постојано вклучени“ работна култура, која води кон огромна количина прекувремено работно време, кое често е неплатено – додека истовремено на работниците им се дава флексибилност да работат надвор од својата канцеларија.

Сега компаниите се обврзани да преговараат со работниците за начинот на кој ќе се спроведува на овој закон. Синдикатите, кои се гледаат како заштитиници на работниците во Франција, долго време бараа акција. Сепак, новото „право на дисконектирање“ е дел од поголема контроверзна реформа на работничките права и засега не предвидува санкции за компаниите кои нема да успеат да го дефинираат.

Францускиот весник Либерасион го пофали решението во уреднички коментар во петокот, потенцирајќи дека ваквиот закон е потребен бидејќи „вработените често се вреднуваат според нивната посветеност на компаниите и нивната достапност“.

Поголеми корпорации, како Фолксваген и Дајмлер во Германија, или компанијата за нуклеарна енергија Арева и осигурителната компанија Акса во Франција, веќе преземаа чекори да ги лимитираат преписките надвор од работното време за да се намали заморот и преработеноста кај работниците.

Некои од мерките вклучуваат и прекин на поврзаноста преку мејл во ноќните часови и викендите, или дури и автоматско уништување на мејловите кои се пратени на вработени додека тие се наоѓаат на одмор.

Промовирани огласи »

Нов бран од поскапувања на стоките и услугите ја очекуват Грција на почетокот на 2017 година, јави грчката телевизија „Антена“.

Законот, кој влегува во сила денеска, предвидува зголемување на цените на горивата и цигарите.  Промени на цените ќе има дури и за електронските цигари.

Поскапувањето на кафето е до 25 отсто. Повисоки оваа година ќе бидат и сметките за фиксната телефонија и интернетот.

Во 2017. се менува и даночниот режим за островите во Грција, кои до моментов користеа серија даночни олеснувања. Измените требаше да влезат во сила од почетокот на годината за сите грчки острови, но пред неколку дена Парламентот изгласа одложување на зголемувањето на ДДВ за 31 декември 2017 година на островите Хиос, Лезбос, Самос, Самотраки и Додеканезите. На останатите острови од 1 јануари ДДВ се зголемува за 30 отсто.

Промовирани огласи »

Може да се очекува дека ќе има многу иновации кои ќе донесат промени и напредок на човештвото. Ова се неколку од нив.

Виртуална реалност

Виртуелната реалност забележа значителен раст и подобрување во 2016. Но, не го трансформираше општеството. Ќе продолжи да биде една од најважните технологии и во текот на наредната година.

Зголемена реалност

Додека виртуелната реалност ќе продолжи да се шири и напредува, зголемената реалност во 2017 ќе биде вистинска ѕвезда. Платформата на Микрософт „Windows Holographic“ ќе подразбира нови искуства за корисниците на „Windows“. 2017 би требало да биде и година на „Apple“. Зголемената реалност најмногу ќе се појавува преку мобилните уреди и без потреба за дополнителен хардвер. 

Технологија на екраните

Во годината која доаѓа можно е навистина да се ужива во „AR“ и „VR“ технологија и 4К смартфони.  Потенки екрани и поефикасни батерии од кога и да било. Од HD во UHD екрани со голема резолуција, како и екрани кои се виткаат. Вакви подвизи може да се очекуваат од компании како „LG“, „Samsung“ и „Apple“.

Вештачка интелигенција

Уште поголем натпревар во вештачката интелигенција се очекува во 2017 година. Многу нови уреди и сервиси ќе бидат презентирани.

Технологии за подобрување на човештвото

Овде спаѓа роботската технологија, креирање уреди кои ќе го зголемат и подобрат функционирањето на човекот. Не е чудно ако во наредната година ваквите роботи ни се лесно достапни. 2017 може да биде годината на пробивање на ваквите новитети и тоа со изненадувачко темпо. 

Батерии
 

Во 2017 ќе се обрне внимание на зголемување на безбедноста и трајноста на батериите.

Безбедност, приватност и биометрика

Луѓето немаат доволно сигурност при зачувување на податоците, но во 2017 година сето тоа можеби ќе се промени. Ќе се работи на системи со зголемена безбедност : ќе ги користиме нашите отпечатоци, лица, очи, па дури и срцебиење за да отклучиме одреден технолошки иред и да ги зачуваме нашите податоци. Ова особено ќе биде застапено кај компјутерите и мобилните уреди. 

Нова генерација на транспорт

Автомобили кои сами се возат – ова е појава која се повеќе напреднува. Во 2017 година  ќе видиме многу вакви решенија, како на пример и конечниот проект на Елон Маск за суперсонично патување. 

Податоци и факти

Собирањето податоци и факти нема да биде помалку важно и во 2017 година. Се очекува неколку компании да излезат со интересни идеи за користење на податоците, програмирање и машини за учење за конечно да се оддели фактот од фикцијата.

Персонален стриминг

2017 ќе биде експлозивна година што се однесува до персоналниот хардвер за емитување. Социјалните медиуми ќе напредуваат на ова поле па очекувајте бројни промени и надополнувања. 

Паметна облека

2017 ќе биде година на експанзија на ваквата технологија. Палта, чевли, чорапи – ќе добијат „технолошка инфузија“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »