Промовирани огласи »

Студијата е направена врз 27 000 луѓе од 190 земји, кои работат во странски држави. Меѓу критериумите биле пристапноста до работата, можноста за издржување на семејството, приходите, начинот на живот, напредокот во кариерата, балансот работа-приватност, бонусите.

Видете кои земји спаѓаат во Топ 10:

10. Бахреин

Просечната годишна плата за странски специјалисти тука е 98 622 долари. 65% од работниците странци во земјата добиваат бонус плата, т.е. годишна можност да се вратат во својата татковина. 91% од вработените во Блискиот Исток велат дека договорите им вклучуваат различни бонуси, во просек 67% за целиот свет.

9. Британија

83 227 долари е просечната годишна плата за странските специјалисти. Земјата за прв пат паѓа во Топ 10 на ранг листата. Вработените странци признаваат дека добиваат повеќе нови знаења во споредба со нивната родна земја (64%) и напредокот во кариерата (62%).

8. Хонгконг

Тука просечната плата за странци е 169 756 долари годишно.

7. Австрија

Во Австрија просечниот годишен приход за странски специјалисти е 85 288 долари годишно. И таа како Велика Британија за прв пат паѓа во Топ 10.

6. Сингапур

Тука вработените странци добиваат 138 641 долари годишно. 30% од работниците тука странците сепак наведуваат дека нивниот животен стандард е влошен.

5. Норвешка

Просечниот приход на странски работник тука е 97 486 долари годишно.

4. ОАЕ

Приходот на вработените странци во Емиратите е 112 820 долари годишно. 56% добиваат бонус сместување, а 75% – здравствени бонуси.

3. Шведска

Тука просечната плата за година на специјалист од странска земја е 84 802 долари. Вработените тука посочуваат дека имаат одлични можности за работа.

2. Германија

Просечниот приход на странец во Германија е 97 693 долари годишно. Според 70% од работниците тука безбедноста на нивната работа е поголема отколку во родните земји.

1. Швајцарија

Тука може да добивате и 188 275 долари. Сумата е речиси најголемата во рангот, а за првото место придонесуваат и најдобриот баланс меѓу работата и личното време. Покрај тоа приходот тука е речиси двојно повеќе од просекот на странски специјалисти во светот, кој е 97 419 долари годишно.

Промовирани огласи »

Претседателот на најголемата јапонска рекламна агенција Дентсу, Тадаши Иши, поднесе оставка поради ланско самоубиство на работник поради преоптоварување со работа.

Неизмерно жалам што не ја спречивме преоптовареноста на новите вработени – изјави Иши во текот на обраќањето на новинарите.

Иши поднесе оставка по неколку часа откако јапонското министерство за труд најави тужба поради кршење на работното законодавство.

Промовирани огласи »

Биткоинтот во последните неколку недели е во пораст, достигнувајќи во еден момент нов рекорд од 937,21 евро. Така од почетокот на годината вредноста на биткоинот двојно се зголеми во однос на еврото.

Дигиталната валута бележи и силен раст во однос на доларот, иако минатонеделната вредност од 977 долари се уште е под рекордните 1,132 долари од почетокот на декември во 2013 година.

Бидејќи на постоечките биткоини продолжуваат да се додаваат нови (приближно 12,5 на секои 10 минути), вкупната вредност го надминува нивото од 2013 година, кој е во износ од 16 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Од денеска француските компании мораат да гарантираат на нивните вработени „право да се дисконектираат“ од технологија, во обид на државата да се справи со модерниот начин на живот и проверување на мејлови надвор од работното време. Според новиот закон, кој стапува во сила, организациите со повеќе од 50 вработени ќе започнат преговори за да ги дефинираат правата на вработените да ги игнорираат нивните мобилни телефони.

Прекумерната употреба на технологијата се смета за виновна за многу проблеми – од премореност, до недостаток на сон, но и друштвени и љубовни проблеми, бидејќи голем број од вработените не се сигурни дали можат да ги игнорираат пораките кои им пристигаат по работното време.

Мерката има намера да се справи со таканаречената „постојано вклучени“ работна култура, која води кон огромна количина прекувремено работно време, кое често е неплатено – додека истовремено на работниците им се дава флексибилност да работат надвор од својата канцеларија.

Сега компаниите се обврзани да преговараат со работниците за начинот на кој ќе се спроведува на овој закон. Синдикатите, кои се гледаат како заштитиници на работниците во Франција, долго време бараа акција. Сепак, новото „право на дисконектирање“ е дел од поголема контроверзна реформа на работничките права и засега не предвидува санкции за компаниите кои нема да успеат да го дефинираат.

Францускиот весник Либерасион го пофали решението во уреднички коментар во петокот, потенцирајќи дека ваквиот закон е потребен бидејќи „вработените често се вреднуваат според нивната посветеност на компаниите и нивната достапност“.

Поголеми корпорации, како Фолксваген и Дајмлер во Германија, или компанијата за нуклеарна енергија Арева и осигурителната компанија Акса во Франција, веќе преземаа чекори да ги лимитираат преписките надвор од работното време за да се намали заморот и преработеноста кај работниците.

Некои од мерките вклучуваат и прекин на поврзаноста преку мејл во ноќните часови и викендите, или дури и автоматско уништување на мејловите кои се пратени на вработени додека тие се наоѓаат на одмор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »