Сигурно сте слушнале - такво ни е општеството, жената треба да биде посветена мајка, треба да ја жртвува кариерата а мажот треба да носи пари и да биде успешен.
Меѓутоа, во поново време некако работите драстично се сменија и на амбициозните жени им се нудат високи плати, одлични позиции, и се повеќе отсуство од домот.

Како ова влијае на семејниот живот или поблиску на посилната половина од бракот - мажот во домот.
Психијатрите предупредуваат дека во последните години мажите на успешните жени се почесто провајуваат симптоми на нова модерна болест која се темели врз непочит и себичност која води до нетолерантност и големи забрани во поглед на кариерата на својата жена.
Експертите препорачуваат:
- Немој да им се предаваш на тешките околности
- Не престанувај да го работиш она за кое имаш страст
- Опкружи се со група која ќе ти дава поддршкa

На крајот не престанувајте да бидете посветени мајки и жени меѓутоа живејте го животот според амбициите кои ги имате и не дозволувајте истите да бидат скршени по првата расправија заради доцното работење еднаш во неделата.