Промовирани огласи »

Дишеме ли воздух или отров?

Кичево, Битола и Кавадарци утрово се соочуваат со највисока загаденост. Дознајте каде воздухот е почист.

Кичево, Битола и Кавадарци се меѓу градовите со највисока концентрација на ПМ10 честички утрово. Со нивоа од 54, 53 и 52, тие се на врвот на листата на загадени места во Македонија.

Во спротивност, Лазарополе е пример за место со значително почист воздух, со само 7 ПМ10 честички. Граѓаните на Гостивар и Охрид исто така дишат полесно со резултати од 22 и 30.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 04ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

21µg/m3Лисиче
20µg/m3Центар
12µg/m3Гази Баба
12µg/m3Ректорат
9µg/m3Миладиновци
8µg/m3Карпош

Македонија

20µg/m3Гостивар
20µg/m3Струмица
17µg/m3Кичево
15µg/m3Тетово
14µg/m3Битола
14µg/m3Велес
14µg/m3Охрид
13µg/m3Куманово
13µg/m3Кавадарци
10µg/m3Гевгелија
7µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

АКО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ЕУ: Ова се професиите со кои лесно ќе се вработите

Професии кои отвораат врати во ЕУ

Скоро секој десетти оглас за вработување во базата на Еуростат е за специјалист за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ). Станува збор за приближно 871.000 огласи во 2023 година.

Податоците за оваа графика доаѓаат од Евростат, кој прегледал стотици веб-страници за вработување во 2023 година.

Промовирани огласи »

Загаденоста руши рекорди – вечерва не се дише!

Вечерва во Македонија повеќе градови се со висока концентрација на ПМ10 честички. Проверете кои се најзагадени!

Според најновите мерења на ПМ10 честички, Кавадарци е град со највисока загаденост вечерва во Македонија, со концентрација од 100, што укажува на многу висока загаденост. Блиску по него е Велес, каде што нивото изнесува 77, а следат Гостивар со 65 и Битола со 59.

Тетово и Кичево исто така промашуваат границата на нормалното ниво со износ на ПМ10 честички од 59 и 58, соодветно. Во меѓувреме, дисциплинирани во однос на нивото на загаденост остануваат Охрид и Струмица, чиј процент на ПМ10 се движи околу нормалните граници од 49 и 41. На најнизок степен на загаденост се наоѓаат Лазарополе со 12, при што граѓаните од оваа област вечерва можат безбедно да уживаат во отворени простории.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 04ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

21µg/m3Лисиче
20µg/m3Центар
12µg/m3Гази Баба
12µg/m3Ректорат
9µg/m3Миладиновци
8µg/m3Карпош

Македонија

20µg/m3Гостивар
20µg/m3Струмица
17µg/m3Кичево
15µg/m3Тетово
14µg/m3Битола
14µg/m3Велес
14µg/m3Охрид
13µg/m3Куманово
13µg/m3Кавадарци
10µg/m3Гевгелија
7µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Резултати од истражувањето за ментално здравје на КАРИЕРА.мк

Над 40% од испитаниците би избрале помала плата за работа со помалку стрес

КАРИЕРА.мк месец јануари го посвети на кампања за задржување на менталното здравје која ја заврши со одличен настан на 30.1.2025 во хотел Панорамика, каде преку 60 претставници од најдобрите компании во државата дискутираа учеа и споделуваа идеи за тоа како да се пристапи кон разрешување на најголемата дилема на денешницата, како да направиме убав баланс меѓу работните обврски и нашите приватни животи во ова модерно и брзо време. Работилницата беше под водство на нашите искусни говорнички, Розалија Секулоска - магистер психолог и психотерапевт, и Цветанка Штерјова Бурзевска - психолог и гешталт арт психотерапевт и за истата можете да погледнете детали ТУКА.

Во однос на истражувањето кое беше спроведено онлајн, беа вклучени 520 доброволци испитаници, работоспособно население од државата. 

На прашањето - како би го оцениле своето ментално здравје (од 1 до 10) резултатите тежнеат кон повисоките бројки.

Како најчеста оценка се издвојува 8, со 20.2% од одговорите.

Над 35% од испитаниците се изјавиле дека најголемиот извор на стрес доаѓа од работата, исто така над 30% изјавиле дека немаат проблем да зборуваат за стресот и анксиозноста на работното место без да бидат осудени за истото.

Над 35% од испитаниците имаат добра комуникација со своите колеги на хоризонтално ниво, а скоро 40% биле некогаш или повремено изложени на мобинг на работното место.

Еден од најинтересните податоци од истражувањето покажува дека дури 42% од испитаниците би се сложиле на 20% помала плата само за да избегнат големи стресови на своето работно место. Овој податок гласно говори за свесноста на луѓето за влијанието и директната поврзаност на задржувањето на менталното здравје и нивниот приватен живот.

Најголем број на испитаниците сметаат дека казните на работното место треба да се применуваат заради одржување на дисциплината, 29% од нив сметаат дека треба да се користат но поретко, додека пак 33% сметаат дека користењето на метод за казнување е неприфатлив но понекогаш неминовен.

За крај над половина од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат прегорено или со burn out синдром често или повремено, на ова прашање само 4% одговориле дека никогаш не се соочиле со овој синдром.

Како заклучок од ова истражување можеме да издвоиме дека фасцинантни се бројките за влијанието на статусот на нашето ментално здравје врз нашите животи. Тимот на КАРИЕРА.мк продолжува со поддршка и имплементација на стратегии за справување со потешкотиите на модерните предизвици кои ни ги носи секојдневното долгочасовно работење и опкружување преку специјално дизајнирани работилници на корпоративно ниво во договор и на барање со компаниите кои се подготвени да пристапат на оваа тема сериозно и значајно да го подобрат менталното здравје на своите вработени преку интересни и добро познати механизми.

За песонализирани барања за креирање на корпоративни работилници од овој тип слободно пишете ни на contact@kariera.mk

Тагови: Кариера Онлајн

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »