Промовирани огласи »

„Најмоќен“ во светот, според Глобалниот индекс за пасоши е сингапурскиот пасош. 

Оваа информација денеска ја објави глобалната консултантска фирма „Артон Капитал“.

Сингапурскиот пасош е на врвот на листата со безвизен резултат за 159 земји, а по него е германскиот пасош со 158 и шведскиот пасош со 157 земји за кои не требаат визи.

На листата доминираат европските пасоши, при што Германија е на врвот во последните две години.

Парагвај ги укина визите за сопствениците на пасоши од Сингапур, по што оваа азиска земја годинава дојде на врвот на листата.

За првпат една азиска земја има најмоќен пасош во светот. Тоа е доказ за инклузивните дипломатски односи на Сингапур и ефективната надворешна политика“ - изјави директорот на „Артон Капитал, Филип Меј. 

Рангирањето е врз база на „безвизен резултат“, кој го прикажува бројот на земји во кои лице со одреден пасош може да патува без виза или виза при пристигнувањето.

Со македонски пасош може да се патува во 108 земји во светот, што ја рангира нашата земја на 42 место во светот. 

Во друго рангирање оваа година и шведскиот пасош беше прогласен за најмоќен. 

Според  извештај на консултанската компанија „Nomad Capitalist“, шведскиот пасош е најмоќен во светот. Ова беше објавено во март годинава. 

  

Промовирани огласи »

Повратот на 15 проценти од ДДВ за граѓаните ќе стартува следната година. Подготовките на законските решенија се во тек, а за почеток мерката пробно ќе биде спроведена во 2-3 општини или региони. Ако функционира и ги даде очекуваните ефекти, од јануари 2019 ќе се спроведува во цела држава.

Со оваа мерка се очекува да се обезбеди дополнителен приход или плата плус годишно од 30.000 денари за секое семејство. Враќањето на 15 проценти од платениот ДДВ во џебот на граѓаните ќе значи дополнителен стимул за домашната економија бидејќи така ќе се зголеми личната потрошувачка што е најголем сегмент од БДП-то на Република Македонија.

Според пресметките за едно семесјтво да добие поврат од 30.000 денари годишно треба да потроши 200.000 за една година или околу 16.700 денари месечно. Реализацијата на оваа мерка ќе оди преку платежните картички.

Промовирани огласи »

Компанијата „Скопје Ист Гејт” ќе го гради првиот модерен повеќенаменски комплекс составен од трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк на земјиште со површина од 155.000 м2.

Атрактивниот комплекс ќе биде лоциран на само 1,5 км од центарот на Скопје, во општина Гази баба, на раскрсница на две главни сообраќајници, долж просторот помеѓу булеварот Александар Велики и улица Беласица.

Вкупната инвестиција во период од 5-7 години се планира да изнесува повеќе од 300 милиони евра, создавајќи илјадници нови работни места и можности.

Прво ќе се изгради трговскиот центар, а станбениот комплекс и канцеларискиот парк ќе бидат изградени во текот на следните 5-7 години. Со ‘’Скопје Ист Гејт” Скопје добива нов лик, а граѓаните од источниот дел од градот добиваат услови за многу поквалитетен живот, по терк на развиените европски градови.

Овој комплекс на пазарот на недвижности ќе донесе повеќе од 250.000 м2 нова бруто изградена површина, која се проценува како најголема приватна инвестиција од овој тип во Македонија. Плановите за развој вклучуваат изградба на најголемиот трговски центар во Македонија, на бруто површина за издавање од 45.000 м2, станбен комплекс и канцелариски парк. Трговскиот центар ќе има 2 нивоа, со околу 2500 подземни паркинг места. Особено внимание ќе се посвети на  унапредувањето на урбаното еко-живеење. Планот на комплексот предвидува  градини и зелени површини по пример на модерните архитектонски тенденции.

Со оглед на успехот на Скопје Сити Мол и идентификуваната потреба малопродажните брендови да ја продолжат својата експанзија во Македонија, беше одлучено дека е одлична инвестициска можност да се изгради нов поголем трговски центар во Македонија. “Скопје Ист Гејт” планира да го развие новиот трговски центар во соработка со уште еден инвеститор. Со изградба ќе се започне есента 2018 година, а трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020 година. Локацијата и големината на новиот трговски центар се одлична можност за привлекување на нови малопродажни брендови во Македонија, покрај веќе присутните на пазарот. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен простор со повеќе од 100.000 м2 бруто површина за домување, кој ќе биде завршен во текот на следните 5 години.

Мнозински акционер во Скопје Ист Гејт е Balfin Group, групацијата која го изгради трговскиот центар Скопје Сити Мол (37.000 м2) историски најголемата капитална трансакција на пазарот на недвижности во Македонија, кој беше продаден на странски инвеститор минатата година.

Balfin Group е една од најголемите регионални компании, присутна во 9 земји во светот со инвестиции во трговски центри, комерцијални и станбени недвижности и бројни малопродажни ланци на продавници.

Промовирани огласи »

Во богатите и земјите со среден приход кои ја создаваат ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), средната вредност на приходот на жената која работи цело работно време е 85% од приходите на мажот. Ова не е, како што многумина претпоставуваат, поради тоа што работодавачите им плаќаат на жените помалку отколку што би платиле на маж на истото работно место. Податоците од 25 земји собрани од Корн Фери, консултантска куќа, покажуваат дека жените заработуваат 98% исто како и мажите кои ја работат истата работа за истиот работодавач. Вистинската причина е двојна. Жените ги надминуваат мажите во позиции со пониски плати и мали шанси за промоција. И мажите и жените се поделени помеѓу професии и индустрии; оние каде доминираат жените плаќаат помалку.

Само пет од изршните директори во G7 земјите се жени. Низ Европската Унија супервизорите поверојатно е да се мажи, дури и кога повеќете кои работат за нив се жени. Близу 70% од работоспособните жени во ЕУ се во професии каде најмалку 60% од работниците се жени. Четирите најпопуларни работи кои ги извршуваат Американските жени - професор, медицинска сестра, сектретарка и здрствен помагач - се скоро сите 80% жени. 

Професиите доминирани од жени имаат понизок статус и приход. Наставниците во основните школи во ОЕЦД земјите заработуваат 81% од просекот за работни места со диплома. Медицинските сестри заработуваат помалку од полицајците; хигиеничаркие помалку од чуварите. Ниските примања на жените посочуваат кон тоа дека по развод или постанување вдовица, жените често осиромашуваат. BHP Billiton, рударска компанија, дошла до заклучот дека областите кои се раководени од жени се побезбедни. 

Родовата разлика во плати ќе се намали ако мажите се преместат во работни места доминирани од жени и обратно. Но, во Америка ваквата родова интеграција мирувала една деценија откако постојано се зголемувала повеќе од две децении. Студија во 12 Европски држави довела до заклучок дека помеѓу 1995 и 2010 уделот на женски работници во повеќето професии се променил. Сличен модел бил откриен и во Австралија.

Два патишта се разминуваат

Мажите и жените имаат право на слобода во изборот на студии и дискриминација на работното место е забранета со децении. Но има многу докази за работната поделба и за различниот пат во кариерата на мажите и жените кои не можат да бидат објаснети единствено со постоењето на различни желби. 

Ниту изборот на индустрија ниту недостатокот на индустрија може да објаснат зошто бројот на жените кои се качуваат по скалата на успехот во кариерата се намалува, дури и во индустриите во кои жените доминираат. Односот на бизнис и менаџмент дипломи добиени од жени расте многу брзо, но бројот на жени вработени на работни позиции кои одговараат на оваа диплома не. 

Истражување на почетокот на оваа година во Америка, Австралија, Велика Британија, Франција, Германија и Скандинавските земји од The Economist и YouGov, покажа мерливи вредности за тоа колку децата влијаат на работните часови. Од жените со деца, 44-75% се вратиле на работа по станувањето мајки, со работење помалку работни часоци или промена на помалку одговорна позиција, дури и работни места кои бараат помалку патување или прекувремено работење. 

Многу од жените и се префрлуваат на работни места кои бараат пониско образование или искуство. Близу третина од работоспособните жени во Велика Британија се изјасниле дека биле преквалификувани за нивните работи, споредбено со помалку од четвртина од мажите. Во Америка само 15% од жените со дипломи во научните области, биле вработени според нивното образование во 2011, во споредба со 31% од мажите. 

Во 1970-тите Скандинавските земји биле први кои понудиле породилно отсуство кое можело да биде поделено меѓу родителите на начин како им одговара нив. Но малку мажи земале удел во тоа. Во денешни услови во Шведска и Норвешка, скоро 90% од татковците земаат породилно отсуство. Во Германија двомесечениот бонус кој им следува на татковците кои ќе земат дел од породилното отсуство, го зголемил бројот на татковци кои го користата породилното искуство од 21% на 34 во период помеѓу 2008 и 2014 година.

Со оглед на тоа што машките и женските аспирации се спојуваат, одговорите на овие прашања разработени со истражувањата може да се многу слични. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »